Рами Мехмед-паша
Рами Мехмед-паша (турски: Rami Mehmed Paşa, 1645 – 1706) — отомански државник и поет, кој служел како Голем везир (1703), управник на Кипар и управник на Египет (1704–06). Творел во духот на диванската книжевност (придавката Рами што значи „Послушен“, како што псевдонимски се потпишувал во неговите песни). МладостРоден е во 1645 г. во Цариград во семејството на Теразиџи Хасан-ага. Откако го завршил образованието, стапил во државна служба. Во 1690 г. бил назначен како чиновник во министерството за надворешни работи. Во 1696 г. самиот бил назначен за министер за надворешни работи (реис ул-кутаб) и три години подоцна ја застапувал државата во мировните преговори во Карловци со кои се ставил крај на Војната на Светата лига.[1] во обид да ги ублажи отоманските загуби како губитник во војната. Голем везирНа 25 јануари 1703 г. станал голем везир — највисоката државничка функција, веднаш под султанот. Меѓутоа, набргу сфатил дека фактички владетел на царството бил верскиот поглавар (шејх ул-ислам) Фејзула, кој имал големо влијание врз султанот Мустафа II. Султанот му наредил на Рами Мехмед строго да ги следи советите на Фејзула, што било вон сите правила. Дури и во овие неповолни услови, Рами направил обид да изврши реформи во повоеното стопанство и во морнарицата, но не успеал да ги спроведе поради прекинот на службата. Речиси неомеѓената власт на Фејзула, заедно со настојувањето на султанот да живее во Одрин место во престолнината, предизвикало силни негодувања кај војниците и граѓаните на Цариград. Летото 1703 г. кренале бунт против султанот. На крајот од овој бунт, познат како Одринско востание, на 22 август 1703 г. Рами Мехмед и самиот султан биле симнати од власт.[2] СмртРами бил преназначен за управник на Кипар, а потоа на Египет, но во 1706 г. бил прогонет на грчкиот остров Родос, каде на крајот починал.[1] Книжевна дејностРами Мехмед бил пријател со славниот поет Јусуф Наби. Самиот пишувал доста песни, како и спомени од кариерата. Ја напишал и книгата „Карловски договор“ (Karlofça Sulhnamesi) во која го обработува мировниот договор.[1] ОставнинаДенес во негова чест е наречена населбата Рами во Истанбул, бидејќи е подигната на местото кајшто тој имал чифлик. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia