Краткопрст ползач
Краткопрстиот ползач (науч. Certhia brachydactyla) е мала врапчевидна птица во шумите низ потоплите региони на Европа, вклучувајќи ја и Македонија и северна Африка. Генерално има појужна распространетост од другите ползачи, односно од обичниот ползач, од кого тешко може да го разликуваме каде ги има и двата. Краткопрстиот ги претпочита листопадните шуми и пониските надморски височини во областите каде распространетоста им се преклопува. Таа не е птица преселница, но знае да заскита надвор од својот опсег. Таксономија и систематизацијаКраткопрстиот ползач за првпат е опишан од Кристијан Лудвиг Брем 1820 година.[2] Научното име потекнува од грчкото kerthios - мала птица што ползи по стеблата, опишана од Аристотел и brachydactyla што доаѓа од brakhus, „краток“ и dactulos „прсти“, што, исто така, е содржано во македонскиот назив и што се однесува на пократките прсти што оваа птица ги има во однос на обичниот ползач.[3] Има 5 подвида на краткопрстиот ползач:
потемен и покафеав одозгора и појасно бело избразден одоздола од C. b. megarhyncha;
Опис![]() Сите ползачки се слични по изглед, мали, кафеави, со линии и точки на горните делови, со портокалова нијанса над опашката и белкави долни делови. Имаат долг надолу свиен клун и долга цврста опашка што им помага при ползењето по стеблата.[4] Краткопрстиот ползач е долг 12.5 см и тежок 7.5-11 грама. Има бессјајни сивокафеави горни делови, комплексно прошарани со црно, бело и кремаво, слаба белкава линија над окото, темникави долни делови кои се во контраст со белото грло. Половите се слични, а младенчињата имаат белкави долни делови понекогаш со портокалова нијанса на стомакот. Повикот на овој вид е повторливо остро тит...тит тит-тит а песната му е секвенца од малку продолжени исти такви ноти тиит-тиит-тиит-е-рои-тиит. Има географски варијанти на пеењето, на пример во Данска песната е пократка, на Кипар е многу кратка и едноставна, а во северна Африка е пониска.[4] Овој вид својата распространетост ја дели со обичниот ползач, кој е побел одоздола, a одозгора, пак, кафеавата боја му е потопла и има повеќе точки, линијата над окото му е поизразена и има малку пократок клун. Како и да е, идентификацијата по надворешен изглед во природа не е лесна, но обичниот ползач има карактеристична песна составена од чрчорење, треперење и последен свиреж со шрии, што ретко се среќава кај краткопрстиот. Но сепак, познато е дека и двете птици можат да си ги пеат песните едниот на другиот.[4] ПоведениеЖивеалиштето на краткопрстиот ползач се шумите со стари дрвја, особено дабови, избегнувајќи ги целосно четинарските и повисоките надморски височини. Таа е постојан жител, односно не е птица преселница, но во периодот по размножување можни се распрскувања кои доведуваат до скитништво. Како мала шумска птица со криптични пердуви и тивок повик, оваа птица може да не ја забележиме како вертикално потскокнува качувајќи се полека нагоре по стеблото на дрвото, помагајќи си со вкочанетата опашка и широко раширените прсти на нозете. Таа не е многу внимателна и плашлива и речиси е рамнодушна кон присуството на луѓето. Има карактеристичен непредвидлив брановиден лет, со наизменични замавнувања со крилјата, сличен на пеперугите. Зимно време живеат сами, но кога е многу студено може да се соберат по повеќе од десетина птици да спијат заедно на заштитено место за да се греат меѓусебно.[4] ИсхранаКраткопрстиот ползач се храни со безрбетници кои ги вшмукува од стеблата на дрвјата. Почнува од долу и се движи нагоре во спирала, помагајќи си со цврстата опашка, и за разлика од лазачките, не се симнува надолу со главата, туку летнува до основата на некое друго блиско дрво. Го користи својот долг, тенок клун за да ги извади инсектите и пајаците од пукнатините во кората. Иако обично се хранат на дрвјата, повремено го ловат пленот на ѕидови, гола земја или меѓу паднатите борови иглички, па и додава некое иглолисно семе во својата исхрана во постудените месеци. Размножување![]() Гнездото го прават во дупка во дрвото или пукнатина од кората. Старите гнезда на клукајдрвците, дупките во ѕидовите и зградите, како и куќичките за птици, доаѓаат предвид за гнездење.[4] Го постилаат со гранчиња, борови иглички, трева и помеки материјали како пердуви, волна, мов, лишај или пајажина. Несат 5-7 јајца, бели со пурпурноцрвени дамки. Ги инкубира само женката во период од 13 до 15 дена, а потоа ги хранат обата родитела, но ги загрева повторно само женката уште 15-18 дена додека да се оперјат. Овој вид често има и второ легло. Мажјакот започнува да го гради новото гнездо додека женката сè уште се грижи за потомството од првото.[4] СтатусКраткопрстиот ползач има широка распространетост од 1 до 10 милиони км² и голема популација од 4.1 до 14 милиони поединци. Според Црвениот список на МСЗП спаѓа во вид со најмала загриженост.[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia