Кремпита
![]() Кремпита (босански: кремпита, хрватски: kremšnita, унгарски: krémes, полски: kremówka, романски: cremșnit или crempita, српски: кремпита/krempita, словачки: Krémeš, словенечки: kremna rezina или kremšnita) е вид на колач, популарен во неколку земји на Средна Европа. Постојат многу разни регионални варијанти на овој колач, но сите имаат иста основа - долна кора од лиснато тесто со слој на крем од матени јајца и матена слатка павлака, покриено со кора од лиснато тесто посипана со прав шеќер. Во различни земји![]() Во ХрватскаВо Хрватска се посебно популарни две варијанти на кремпита: самоборска кремшнита, наречена по градот Самобор, и загрепска кремшнита, наречена по главниот град Загреб. Популарната Самоборска кремшнита се одликува со тоа што има кора од лиснато тесто во основата, на која се става крем од јајца и завршува со шам од белки посипани со шеќер во прав. Загребската кремшнита ги содржи истите слоеви, само што завршува со карактеристичен чоколаден прелив наместо кора од лиснато тесто. Класичниот рецепт за самборска кремшнита се смета дека е пронајден од страна на Ѓуро Лукачиќ во раните 1950-ти години, врз основа на различни претходни варијанти од асортиманот на кондиторски производи во Загреб.[1] Во СловенијаВо Словенија овој колач е асоциран со градот Блед - познато алпско туристичко одредиште во северозападниот дел на Словенија. Рецептот за колачот е донесен во локалниот хотел Парк од слаткарот Иштван Ковачевиќ во 1953 година. До октомври 2009 година направени се 10 милиони парчиња од овој колач.[2][3][4] Во Србија, Босна и Херцеговина![]() Во овие земји колачот е познат под името кремпита и се состои од два слоја на лиснато тесто меѓу кое има густ крем од јајца. Сличен рецепт, но само со полнење од шам со белки, се вика шампита.[5] Во Црна ГораНајпознати во Црна Гора се Которске кремпите. Освен оригиналниот рецепт, тие се разликуваат од другите кремпитати бидејќи се направени со три слоја тесто и два слоја крем. Секоја година, фестивалот „Которска пашта“ се одржува во Котор, посветен на оваа деликатес.[6] Во ПолскаПолската варијанта на кремпита е позната под името наполеонка. Нутрициони вредностиНутриционите вредности се дадени за едно од 6 парчиња готова кремпита, направена од 250 гр замрзнато лиснато тесто и околу 1 кг крем. Се разбира, вредностите може да варираат, што зависи од квалитетот и количината на употребените состојки.
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia