Критериум ди Дофине
Критериум ди Дофине (пред 2010 г.: Критериум ди Дофине Либере) — годишна велосипедска друмска трка, која се вози на 8 етапи низ областа Дофине во Франција во текот на првата половина на јуни. Трката била започната од локалниот весник, Дофине Либере, преку кој трката го добила и името. Многу години, организацијата на настанот била поделена помеѓу издавачите на весникот и Amaury Sport Organisation (ASO): во 2010, весникот ги отстапил сите организациски надлежности на ASO и името на трката било скратено. Заедно со Тур де Свис, Дофине е важна трка во рамките за подготовка на Тур де Франс во јули и е дел од календарот на Светската турнеја. Бидејќи Дофине е планинска област, победниците често се специјалисти за искачување. Многу искачувања се познати од Тур де Франс, како Мон Ванту, Алп д’Ез, Кол ду Галибие или Кол де ла Шартрос, кои често се појавуваат на Дофине Либере. Сите велосипедисти, кои го освоиле Тур де Франс пет или повеќепати, исто така имаат победено на Дофине Либере. Првиот Дофине Либере бил одржан во 1947, кога Едуард Клабински од Полска бил победник. Нело Лореди, Луис Окања, Шарли Моте, Бернар Ино и Крис Фрум го делат рекордот за најмногу победи, по три секој од нив. ИсторијаПо Втората светска војна, кога велосипедизмот се повратил по општиот петгодишен прекин, весникот Дофине Либере одлучил да основа и организира велосипедска етапна трка низ регионот Дофине. Трката е поставена во јуни, пред Тур де Франс. Од нејзините почетоци, трката била користена како подготовка за Тур де Франс од француските велосипедисти, вклучувајќи ги Луисон Бобе и Џон Робик. Исто така, служела како тест патека за напредната опрема за велосипедистите. Моменталната форма на критериум е последица на спојувањето со „Трката на шесте провинции во Дофине“ во 1969. Критериумот е единствената друга трка, која е освоена од сите петократни победници на Тур де Франс (Анкетил, Меркс, Хино, Индуран и Армстронг). Седум возачи ја имаат освоено Дофине Либере и Тур де Франс во истата година: Луисон Бобе во 1955, Жак Анкетил во 1963, Еди Меркс во 1971, Луис Окања во 1973, Бернар Тевене во 1975, Бернар Хино во 1979 и 1981, Мигел Индуран во 1995, Бредли Вигинс во 2012 и Крис Фрум во 2013 и 2015 година. Градови, кои најмногупати биле домаќини на некој почеток или крај се: Гренобл (44 пати), Авињон (32 пати), Сент-Етјен (23 пати), Анси (22 пати), Шамбери (21 пат), Гап (21 пат), Лион (19 пати), Екс ле Бен (18 пати), Валенс (16 пати), Бријансон (15 пати) и Вал ле Бен (15 пати). МаичкиВодачот на генералниот пласман носи жолта маичка со сина лента, со што се разликува од другите возачи. На почетокот на 1948 била доделена црвената маичка со бели точки на водачот во планинскиот пласман на трката, додека во 1955 била доделена зелената маичка за најдобриот спринтер. ПобеднициПовеќекратни победници
Велосипедистите со закосени букви се сè уште активни Победи по земјаИмало 71 издание од 1947 година. На три изданија (2002, 2003 и 2006) им биле одземени победите од нивните првични победници Ленс Армстронг и Леви Лајпхајмер.
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia