Даниел Мартинес
Даниел Фелипе Мартинес (шпански: Daniel Felipe Martinez; р. 25 април 1996) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1] За сезоната 2021, Мартинес ќе се приклучи на екипата Инеос Гренадиерс.[2] КариераКолумбија (2015)2015Мартинес ја напуштил Волта а Каталуња, негова прва трка во Светската турнеја. Завршил на 84. место на Трката околу Турција. Саутист-Венецуела (2016-2017)2016Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016,[3] со што возел на својата прва голема трка. Завршил на 57. место на Џиро ди Ломбардија. 2017Учествувал повторно на Џиро д’Италија, но ја напуштил трката. На крајот на сезоната, завршил четврти на Трката околу Турција. ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018-2020)Ја започнал сезоната на националното друмско првенство, каде завршил втор на хронометарот, зад Еган Бернал. Завршил петти на новата колумбиска трка, Колумбија Оро и Пас. Негов прв пласман меѓу првите десет во Европа бил на Волта а Каталуња, каде завршил на седмото место. Возел на белгиските класици по првпат во својата кариера, завршувајќи на 44. место на Флеш Валон и на 61. место на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Потоа возел на Тур де Романди и завршил на 12. место. Во јули 2018 година бил вклучен во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[4] Во август 2019 година бил вклучен во почетниот состав на Вуелта а Еспања 2019.[5] Достигнувања
Распоред на резултати
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia