Трка околу Фландрија
Трка околу Фландрија (холандски: Ronde van Vlaanderen) — велосипедска друмска трка, дел од фландриските класици, која се одржува во Белгија на почетокот на пролетта, една недела пред друмската трка Париз-Рубе. Таа е дел од Светската турнеја на UCI и е една од т.н. монументи на европскиот професионален календар. Таа е најважна велосипедска трка во Фландрија. Нејзиниот прекар е „Најдоброто од Фландрија“ (Vlaanderens mooiste). ИсторијаТрката околу Фландрија била започната во 1913 од Карел ван Вејненделе, соосновач на спортскиот весник Sportwereld. Во тоа време било вообичаено за издавачите на весници и списанија да организираат велосипедски трки како начин за промовирање на весникот и зголемување на тиражот. Трката пред Втората светска војна вообичаено се одржувала во ист ден со Милано-Санремо во Италија. Познати италијански и француски велосипедисти ја претпочитале италијанската трка, што објаснува зошто имало само еден небелгиски победник пред војната. По војната, трката стекнала одредена важност, кога станала дел од Предизвикот Дегранж-Коломбо, претходник на денешниот UCI ProTour. Рекордери по бројот на победи на трката се Белгијците, Акил Бујсе, Ерик Леман, Јохан Музеув и Том Бонен и Италијанец Фјоренцо Мањи, секој со по три победи. Регионален симбол![]() Велосипедизмот бил во лоша состојба низ Белгија на почетокот на XX век. Велодромите биле затворени и немало повеќе национални првенства.[1][2] Единствената голема белгиска трка, Лиеж-Бастон-Лиеж, била на југ, во француското говорно подрачје. Како што се зголемувало нерасположението, Одил Дефраје станал првиот Белгиец кој го освоил Тур де Франс во 1912.[3] Тој имал 20 години и иако возел за француската екипа Алсион, тој го претставувал потенцијалниот подем за белгискиот велосипедизам. Неговата победа го поттикнало Август де Мет, директор на Société Belge d'Imprimerie, да го издаде спортското списание наречено Sportwereld.[1][4] Најпознат велосипедски новинар за Sportwereld' бил Каролус („Карел“) Лудовикус Стејерт,[5] кој пишувал како Карел ван Вејненделе, име по кое станал најпознат. [n 1][6][7] Ван Вејненделе било петто од петнаесетте деца во семејството во Вејненделе (Вејнендале),[8] близу Торхаут. Неговиот татко работел со лен и умрел кога Карел имал 18 месеци.[6] Во 1942 напишал: „Да бидеш роден во сиромашно семејство, тоа беше мојата сила. Ако си пораснал без набори и знаеш каква глад сум имал, можеш да ги издржиш велосипедските трки“. Го напуштил училиштето на 14 години и работел за пекар, терал крави, миел шишиња и пренесувал пакети. Работел за француските семејства во Брисел и Остенде и се чувствувал понижен од нивниот начин на однесување кон него.[5] Се обидел со велосипедизам, освоил неколку награди, но без некој поголем успех. Наместо тоа започнал да пишува за велосипедизмот како регионален дописник, најпрвин за De Torhoutenaer, локален весник, потоа од 1909 за Onze Kampioenen во Антверпен и Sportvriend во Изегем.[9] Тогаш го прифатил неговиот псевдоним.[5] Тоа го привлекло вниманието на Де Мет и неговиот соработник, организаторот на трката Лен ван де Хауте, со кого Ван Вејненделе соработувал во Sportvriend.[9] Двајцата отпатувале до Торхаут и го прашале Ван Вејненделе дали би сакал да се приклучи на новиот весник кој ќе биде наречен Sportwereld. Ван Вејненделе изјавил „Би можел“.[9] Првото издание се појавило за време на Фландриското првенство на 12 септември 1912. Ван Вејненделе станал негов прв уредник на 1 јануари 1913. Изјавил:
На 25 мај истата година ја организирал првата Трка околу Фландрија, која поминувала низ белгиските градови во холандското говорно подрачје бидејќи „сите фламански градови морале да придонесат кон ослободувањето на Фламанците“.[5] Завршила кај Маријакерке, сега предградие на Гент и поминала низ Синт Никлас, Алст, Ауденарде, Кортрајк, Ворне, Остенде, Торхаут, Руселаре и Брухе.[11] Имала растојание од 330 километри, целосно на лоши патишта и само понекогаш на велосипедски патеки. Настапиле 37 возачи.[2] Трката завршила на водена патека која го заобиколувала езерото во Маријакерке, каде продажбата на билетите ја покриле само половина од наградниот фонд.[2] ПобеднициПовеќекратни победници
Победи по земја
Победници на Трката околу Фландрија и Париз-Рубе во иста година
Рекорди
ПоврзаноБелешки
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia