Крсто ЕнчевКрсто Енчев ( 1912 во Лехово, Валовишко — 16 јануари 1999 во Сиднеј, Австралија)[1] — книжевен трудбеник, борец за правата и слободите на македонскиот народ.[2] ЖивотописСо својата фамилија се населил во селото Јаново, околија на Сандански. По убедување бил анархист и антикомунист, поради што е прогонуван од бугарскиот комунистички режим. Во 1950 година успева да емигрира во Австралија оставајки ја жената и четирите сина, кој потоа биле преселени во Ловечкиот регион. Таму, тој е еден од водечките организатори на македонската дијаспора. Заедно со уште неколкумина македонски емигранти (Александaр Христов, Ангело Вретовски, Георги Чочков, Митре Моjсовски и други) во 1980 година го основа весникот “Народна Волја“, чие излегување ќе го помага до крајот на животот.[3][4] Крсто Енчев е пирински Македонец, кој целиот свој живот го посветил борејки се за праведни идеали и достоинство на македонскиот народ. Врховен идеал во непоколебливата титанска борба која е за независна и самостојна обединета македонска држава. Единствено правилна идеја за секој национално осознаен Македонец. Во мемоарите опишана е борбата на Македонците за независна обединета Македонија.[2] Својот бурен живот Енчев го има опишано во книгата “Автобиографија - спомени“. Спомените му се пишувани на англиски јазик, а во превод на бугарски јазик се објавени во Бугарија, првиот дел во Софија во 1999 година, а вториот дел посмртно во Благоевград во 2003 година. Починал во Австралија. Книжевност
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia