Лехово (Валовишко)
Лехово, со облиците Леово или Леоо грчки: Κρασοχώρι, Красохори; до 1927 г. Λέχοβον, Леховон[1]) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот округ, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[2] ГеографијаЛехово се наоѓало во историско-географската област Мрвачко. Се наоѓало северно од Сер и Валовишта, во северозападното подножје на планината Славјанка. Местото е крај самата граница со Бугарија (Пиринска Македонија) по течението на Леховска Река (Дели Крава). ИсторијаПотекло на иметоСе смета дека името доаѓа од зборот Лех, што значи Полјак. Во сите рударски центри на Балканот во средновековието и првите два-три века османлиска власт работееле странци — Саксонци, Полјаци.[3] Во Отоманското ЦарствоПод имињата Лехово и Лефево селото се спомнува во османлиски дефтери од 1611-1617 и 1623-1625 г., соодветно со 186 и 167 христијански домаќинства.[4] До крајот на XIX век Лехово било еден од центрите на железарската индустрија во Мрвачко. Во селото се добивало магнетитен песок, преработуван во неколку печки и еден самоков.[5] Низа податоци говорат дека леховци се одамнешни преселници на овие места. Порано тие многу се разликувале од околното население по говор, облекла, навики, обичаи и друго. Соседите ги сметале за потомци на тука доселените странци — рудари и металурзи.[6] Според Васил К’нчов, кој ги посетил тие места во 1891 година:
Слични се и наодите на Атанас Шопов објавени во 1893 година.
Ова е единствениот случај во област Мрвачко каде во народното сеќавање останале спомени за преселба на странци-металурзи.[9] Во XIX век Лехово било чисто македонско село во Валовишката каза на Серскиот санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Љахово (Liahovo) било село со 220 домаќинства на 780 жители Македонци.[10][11] ![]() Во 1891 г. Георги Стрезов напишал:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Лехово живееле 1.250 Македонци-христијани.[10][14] Селото активно учествувало во црковно-националните и просветни борби. Во 1870 г. со активна помош на месниот првенец Тодор Оланов во Лехово е отворено бугарско училиште. Добро уредено, тоа се претворило просветен центар за околните села. За прв учител е назначен некојси даскал Георги.[15] Во 1897 г. во Лехово е отворено класно училиште со двајца учители. Во него се запишале 70 деца.[16] Сите жители на селото биле под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ляхово (Liahovo) имало 1.680 Македонци егзархисти.[10] Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 57 ученици.[17] Во селото е организиран комитет на ВМОРО со претседател Никола Хаџиев и членови Димитар Шарков, Костадин Иванов Попов, Крсто Шаламанов, Стојан Гонгов и Стојан Попов.[18] Според Кирил Николов Хаджиев под непосредното раководство на Никола Хаџиев, во разни куќи во селото — кај Папа Стојан, кај Костадин и Никола Балеви, кај Никола Хаџиев — во 1903 г. Пејо Јаворов ги изготвил и издал 12-те броја на револуционерниот весник „Слобода или смрт“. Јаворов живеел кај Хаџиев од февруари до Велгден, кога одржал говор во црквата, по што се преселил кај Папа Стојан и останал до Ѓурѓовден.[19] На 21 април 1903 г. во куќата на Хаџиев дошле 6 четници на чело со Јонко Вапцаров. Другиот ден заедно со Јаворов и хектографот (умножувачот) тие тргнале за Ловчанскиот конгрес, водени од леховските курири Андон Чингов и Костадин Гасков. На пат за Голешово наишле на војска и влегле во борба. Гасков избегал кон Лехово и му раскажал за ова на комитетот, кој ги организирал месните четници Тодор Тараѓулев, Костадин Спањувиков, Тодор Ангов Хаџиев и други, кои заедно со четници на Јане Сандански — Петар Витанов од Пиперица (шура на Хаџиев), Стојан Барбарото од Пиперица и дедо Божин од Петрово (фелдшер на Сандански) — се вмешале во борбата, а приквечер стасала и четата на дедо Илија Крчовалијата, па така четниците успеале да ја дочекаа ноќта и да се извлечат од обиколката.[19] Во 1907 г. во рацете на Турците паднал Стојан Инџето, четник на Јане Сандански, кој знаел многу нешта за работата на леховскиот комитет. Револуционерните дејци се скриле во Дурковата Пештера над селото, а комитетскиот архив и парите на органицата ги скриле во костурницата на црквата, но Инџето не издал ништо. Истата година во хајка по комити е фатен Костадин Балев, пребиен во бој и носен низ Лехово со кол протнат низ појасот. Одведен е во Мелник, каде е распнат на крст, закован со шајќи, и така умирел. Брат му, дедо Кољо Балев истот така е мачен со забивање на спици под ноктите и корнење на мустаќите. Во одговор на овие ѕверства Леховскиот комитет го убил синот на серскиот мудир кј учествувал во расправата со Костадин и Кољо — го фатиле по патот за Петрово и го фрлиле во пештерата Харкомичката, длабока 40 м.[19] Во Ковачевица се казнети со смрт Тодор А. Хаџиев и Костадин Т. Спањувиков од Лехово, четници на Сандански кои исполнувале специјални здачи, бидејќи комитетот во Крушево, под влијание на врховистите, дал сознанија дека го прекршиле уставот.[19] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 1.117 жители. Свештеникот во Лехово, и покрај заповедта да служи на грчки, продолжил да ги води литургиите на бугарски.[20] Голем дел од населението во 1913 г. пребегало преку границата во Пиринска Македонија и на 1 км северно го основало истоимено село Лехово по името на старото село. Поради овие преселби во 1920 г. селото имало само 505 жители.[2] Во 1927 г. селото е преименувано во Красохори.[21] Во 1940 г. Лехово имало 545 жители, а во 1941 г. бугарскиот попис го завел со 544 лица.[2] Последните жители на селото, меѓу кои четирите деца на Стојан Манчев и Митра Стојанова - Костадин, Никола, Сотир и Иванка со своите семејства, прешле преку граница во 1945 г. точно пред затворањето на границата. Така, селото останало сосем празно. Според Тодор Симовски, тоа било населено сè до Граѓанската војна, кога дел од жителите се преселиле во Бугарија, а дел се повлекле во полето. Потоа грчката власт не дозволила селото да се обнови.[2] Личности
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia