Крсто Петрушев

Крсто Трпев Петрушев ( 1924 во Волково, Скопско1945 во Волково, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство и сточарство. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите за ослободувањето на Скопје и акциите за ликвидирање на балистите во Косово. Откако се префрлил во единиците на XV македонски корпус, учествувал и во пробивот на Сремскиот фронт. Но, тешко се разболел и бил демобилизиран од армијата. Како последица на болеста, починал во родното место.[1]

Наводи

  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 114. На |first= му недостасува |last= (help)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya