Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 526: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Estonia" does not existМестоположба на градот на картата на Естонија
Куресаре (естонски: Kuressaare, германски: Arensburg) — град и општина на островот Сарема во Естонија, со население од 13.166 жители според податоци од 2011 година[1], и зафаќа површина од 14.95 км2. Градот е главен град на округот Саре и е најзападниот град во Естонија. Куресарњ се наоѓа на брегот од Ришкиот Залив.
Име
Историското име на градот е Арсенбург[2]. Градот започнал да се развива околу тврдината и со текот на времето бил познат и како Куресаре но двете имиња се користеле истовремено, до 1918 година кога градот ја отврлил германската форма. Во рамките на советската власт, градот бил преименуван во Кингисепа според болшевичкиот револуционер Виктор Кингисеп[3] и ова име се користело до падот на комунизмот и прогласувањето на независност на Естонија во 1990 година[3].
Историја
Градот за првпат се појавил на карта околу 1154 година. Во овој период островот се викал Осел. Во 1227 година градот бил освоен од Ливонското братство на мечот на чело со Волквин[4]. Првите документи за замокот произлегуваат од латински текстови кои биле напишани во 1381 година. со текот на времето градот станал познат како Аренсбург или Куресарелин[3], и населението главно своите домови ги градило околу замокот. Во 1228 година во градот била основана Епископија Осел-Виек од страна на Алберт Ришки[5]
Градското собраниеИсториски објект во центарот на градот
Во 1542 година Јохан фон Минхаусен преминал во протестантство. Со напредувањето на руските војски на чело со Иван IV во времето на Ливонската војна, тој го дал градот на данскиот крал Фредерик II во 1559 година. Неговиот брат Магнус следната година бил назначен за епископ на градот.
Во 1645 година градот паднал под контрола на Шведска по данскиот пораз во Шведско-данската војна (1643 – 1645)[2]. Во следниот период градот го променил своето име во Куресаре. Во 1710 година градот изгорел до темел кога руските сили го зазеле островот за време на Големата Северна војна.
Во текот на 19 век Куресале станала популарно туристичко место за одмор. За време на Првата светска војна, во периодот помеѓу септември и октомври 1917 година, германските копнени и поморски сили го окупирале островот. Во текот на Втората светска војна, во близина се одвила Техумардиската битка. Во октомври 1990 година, Куресаре станал првиот град во Естонија кој го вратил својот самоуправувачки статус.
Знаменитости
Во средновековниот епископски замок денес е сместен регионалниот музеј Сарема[6][7]. Замокот првично бил изграден од дрво помеѓу 1338 и 1380 година, иако други извори тврдат дека тврдината била изградена уште во 1260 година. Во 1968 година, архитектот Калви Алуве започнал свое истражување за замокот.[8]
Градското собрание првично било изградено во 1654 година, додека во последните години било обновено, задржувајќи ги своите класични и барокни функции[9]. За последен пат зградата била обновена во 1960-тите[9].
Во градот се наоѓа црквата Св. Никола, која била изградена во 1790 година.[9].
Култура
Во градот секоја година се одржуваат денови на Саремската опера во текот на летниот период. Од 1999 година се одржува фестивал на камерна музика и поморски фестивал кој се одржува од 1998 година.
↑ 9,09,19,2Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име Taylor2010.
↑„Kliimanormid-Õhutemperatuur“ (естонски). Estonian Weather Service. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 28 September 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„Kliimanormid-Sademed, õhuniiskus“ (естонски). Estonian Weather Service. Архивирано од изворникот на 2012-02-22. Посетено на 28 September 2016.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑Население районов, городов и поселков городского типа Эстонской ССР : по данным Всесоюзной переписи населения на 15 января 1970 года. Таллинн, 1972.
↑Eesti Vabariigi maakondade, linnade ja alevite rahvastik. 1. osa, Rahvaarv rahvuse, perekonnaseisu, hariduse ja elatusallikate järgi : 1989. a. rahvaloenduse andmed : statistikakogumik. Tallinn, 1990, lk. 27
↑Eesti Vabariigi maakondade, linnade ja alevite rahvastik. 1. osa, Rahvaarv rahvuse, perekonnaseisu, hariduse ja elatusallikate järgi : 1989. a. rahvaloenduse andmed : statistikakogumik. Tallinn, 1990, lk. 32