Кушнички манастир
Кушнички манастир „Пресв. Богородица Косиница“ (или Икосифиниса, грчки: Μονή Εικοσιφοινίσσης) — женски манастир во Зихненско, Егејска Македонија.[1] Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.[2] МестоположбаМанастирот се наоѓа во областа Зихна, на северните падини на планината Кушница. Сместен е меѓу селата Кормишта и Никишјан. До него се стасува по асфалтиран пат долг 6 км, расклон од патот за Кормишта. ИсторијаСе смета дека манастирот е основан во 518 г. од монахот Герман. Негов втор ктитор е вселенскиот патријарх Дионисиј I. Се претпоставува дека иконостасот во црквата е дело на истакнатиот мијачки мајстор Петре Филиповски - Гарката.[3] Манастирската црква е живописана во периодот од 1858 до 1864 г. од коринтскиот зограф Матеос Јоану и неговиот помошник, монахот Ананиј.[4] На крајот на XIX и почетокот на XX век манастирот бил еден од центрите на грчката пропаганда во Источна Македонија, активно придонесувајќи кон погрчувањето на тамошните Македонци.[5] За време на Втората светска војна бил окупиран од Бугарската армија и изгорел до темел, но црквата останала недопрена. Обновен е во 1960-тите. Разни скапоцени предмети од манастирот денес се изложени во Националниот историски музеј (НИМ) во Софија. Според пописот од 2011 г. во манастирот живееле 24 лица. Галерија
Литература
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia