Куќа на Прнарови
Куќа на Тренчови — стара куќа во градот Велес од времето на Македонската преродба. Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија во 1964 г.[1][2][3] ИсторијаКуќата е сместена во населбата Прцорек, на ул. „Јован Наумов Алабакот“ бр. 3. Изградена е околу 1868 година во месноста Варналиите. Во нејзиното соседството се други знаменити домови како Куќата на Тренчови (бр. 5), Куќата на Чокалови (бр. 7)[4] и Куќата на Паунови (бр. 10) со кои образува впечатлив комплекс.[1][5] АрхитектураГрадбата е на три нивоа и има специфичен облик на основата. Поплочениот двор на приземјето е отворен простор поврзан со улицата. Централно место во архитектонското решение зазема чардакот, кој ги опфаќа сите соби. На вториот кат доминират големи прозорци и издадени стреи со украсни елементи од флората и фауната кои завршуваат на покривот.[3] Фасадата на куќата е реновирана и се одликува со еркерно издадени катови.[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia