Куќа на Тренчови
Куќа на Тренчови — стара куќа во градот Велес од времето на Македонската преродба. Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија во 1964 г.[1][2][3] ИсторијаКуќата е сместена во населбата Прцорек, на ул. „Јован Наумов Алабакот“ бр. 5. Изградена е околу 1868 година во месноста Варналиите. Во нејзиното соседството се други знаменити домови како Куќата на Паунови (бр. 10), Куќата на Чокалови (бр. 7)[4] и Куќата на Прнарови (бр. 3) со кои образува впечатлив комплекс.[1][5] Во Куќата на Тренчови се снимани сцени од неколку филмови, меѓу кои и „Мис Стон“ од 1958 г.[1] АрхитектураПоради особеностите на теренот, куќата има тесна фасада кон улицата. Се состои од приземје и два ката. Приземјето и првиот кат се изградени од камен и се пониски, додека пак вториот кат е од бондручна градба и е еркерно испуштен. На него има големи прозорци, опшивен венец и други украси.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia