Кшиштоф КозловскиКшиштоф Козловски (р. 1937) — полски славист и македонист кој предава македонска книжевност во Варшава. ОпусКшиштоф Козловски е долгогодишен македонист. Кариерата ја започнал како лектор по полски јазик на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1967 година. Денес предава македонска книжевност на Институтот за источнословенски и јужнословенски култури во Варшава, Полска. Долги години учествува на Семинарот за македонски јазик, литература и култура во Охрид, редовен учесник е на славистичките конгреси и голем љубител и почитувач на македонската книжевност и култура.
|
Portal di Ensiklopedia Dunia