Ламбро Патче

Ламбро Патче
Роден Ламбро Патче
23 мај 1908
Охрид, Отоманско Царство
Починал 10 септември 1982 (возраст: 74)
Скопје, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Занимање агроном, технолог

Ламбро Патче (23 мај 1908 во Охрид10 септември 1982 во Скопје) – македонски агроном и технолог.[1]

Животопис

Ламбро Патче е роден на 23 мај 1908 г. во градот Охрид, тогаш во Отоманското Царство. Гимназија завршил во Битола, а дипломира на Земјоделскиот факултет во Тулуза во 1929 година, и на Технолошкиот факултет во Бордо, Франција во 1931 г. Работел во поголем број тутунски комбинати, а од 1949 г. како доцент преминува на Земјоделско-шумарскиот факултет при УКИМ, на кој и хабилитира. Работел три години како експерт на Обединетите нации во Сирија од областа на тутунот, каде што е одликуван со заслуги за „Сирија II“.[1]

Трудови

Објавил поголем број научни и стручни трудови од областа на тутунот[2]:

  • 1961: Придонес кон запознавањето на минералниот комплекс на македонските тутуни
  • 1962: Кон запознавање материјалноста на македонските тутуни
  • 1962: Застапеност на брадавиците и брадавичните бактерии кај луцерката, детелината и сојата во некои почви на СРМ
  • 1966: Производство на тутун
  • 1967: Влијанието на степенот на зрелоста врз некои поважни физички и хемиски својства на тутунот од типот џебел
  • 1969: Зафатнинската тежина на тутунската суровина од типот отља во зависност од инсерцијата и степенот на зрелоста
  • 1969: Прилог кон проучувањето на охридската "сорта" пиперка (c. annuum l. syn mexicanium h.) - романка
  • 1980: Компаративни проучувања на поважните хемиски, физички и дегустативни својствана тутунската суровина од типот Отља: научноистражувачки проект
  • 1987: Познавање на тутунската суровина: стокознаење

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Патристика“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1122. Text "series " ignored (help)
  2. IZUM - Институт за информациски науки, Марибор, Словенија. „Резултати од пребарувањето Патче, Ламбро :: COBISS+“. plus.cobiss.net. Посетено на 29 март 2025.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya