ЛарпурлартизамЛарпурлартизам[1][2] — поим изведен од францускиот слоган L'Art pour l'art, буквално преведен уметност заради уметност. Со него се означува став или движење помеѓу некои француски уметници за кои уметноста треба да биде лишена од каква било корисност, морална порака или политичка содржина. Според нив, едноставно, уметноста треба да се создава поради самата себе, сите второстепени вредности треба да се отфрлат. Идејата за l'art pour l'art му се припишува на Теофил Готје (1811–1872). Таа се појавува во предговорот на романот Мадмозел де Мопан од 1834:
Истата идеја се обработува и од други уметници, како Едгар Алан По, за која пишува во еден есеј од 1850. По вели дека поемите се пишуваат поради самите себе, поради самата поезија, а не за да донесат некаква морална порака. Овој слоган е всушност водечката мисла на многу француски, но и воопшто западни боемски уметници. Сепак постојат критики кон овој став, како ставот на Жорж Санд, која смета дека ова гледиште е празно и непотребно. Според Санд, уметниците имаат „должност да најдат соодветен начин да ја пренесат уметноста на што повеќе души“, така што нивните дела би биле доволно пристапни за да бидат предмет на нечиј интерес.[4] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia