Теофил Готје
Теофил Готје (француски: Théophile Gautier), (Тарб, 30 август 1811[1] – Неји-сир-Сен, 23 октомври 1872) – француски поет, романописец и ликовен и литературен критичар. Роден во Тарб, Теофил Готје живее во Париз од најраното детство. Се запознал со Жерар Лабрини (идниот Жерар де Нервал) на Колеж Шарлемањ и уште многу млад се интересира за поезијата. Во 1829 година го сретнува Виктор Иго кого го признава за свој учител и активно учествува во движењето на романтизмот како и во прочуената „битка на Ернани“, на 25 февруари 1830 година. Во 1833 година со хумор ќе го евоцира овој период во „Младите-Франција“ (Les Jeunes-France). Во 1831 – 1832 година ги издава своите први песни кои поминуваат незабележано, но тој се разликува од своите пријатели од движењето за романтизам по своите формалистички преокупации критикувајќи ги моралистичките или утилитаристички визии на литературата во прочуениот вовед на неговиот епистоларен роман „Госпоѓицата де Мопен“ (Mademoiselle de Maupin, 1835). Исто така ги пишува своите први новели, меѓу кои „Кафематот“ (1831), со фантастична нишка која ќе ја продлабочи во други негови дела („Роман за мумијата“ (Le Roman de la momie), 1858). Во 1836 година, на барање на Балзак, тој објавува новели и уметнички критики во весникот „Ла кроник де Пари“ (La Chronique de Paris – Париска хроника). Потоа интензивно соработува со други весници, особено со „Ла прес“ (La Presse – Печат) на Емил Жирарден. Некои од овие текстови подоцна ќе бидат издадени во книги („Гротески“ (Les Grotesques), „Книжевни спомени“ (Souvenirs littéraires)...). Исто така издава песни („Комедијата на смртта“ (La Comédie de la Mort), 1838) и се обидува во театарот со пишување на драми („Ѓаволска солза“ (Une larme du diable), 1839). Во мај 1845 година, оди на големо патување зад Пиринеите од кое произлегува еден бележник на впечатоци („Патување во Шпанија“ (Voyage en Espagne) и нови песни („Еспања“ (España), 1845). Патува и во други земји, во Алжир, Италија, Грција, Египет, од кои исто така произлегуваат разни публикации. Во 1852 година, излегува од печат „Глазури и камеи“ (Émaux et Camées) која ја надополнува (неколкупати до 1872 година) и со која нејзиниот автор станува водач на школата. Бодлер својата „Цвеќињата на злото“ (Les Fleurs du mal) му ја посветува на „беспрекорниот поет“»[2] и Теодор де Банвил го поздравува бранителот на „ларпурлартизмот“, претходник на парнасовците во потрага по убавото, против лирските изливи на романтичарите и вреднувајќи ја работата врз основа на формата на делото („Вајај, стружи, делкај“ (« Sculpte, lime, cisèle ») пишува Готје во својата песна „Уметноста“ (L’Art), последната од збирката „Глазури и камеи“, издание од 1872 година). Во 1855 година, Готје ја напушта редакцијата на весникот „Ла прес“ и почнува соработка со „Монитер универсел“ (Moniteur Universel). Како ликовен и театарски критичар, авторот секој месец обезбедува бројни статии за сликарството и културниот живот, како и свои дела пред објавување[3]. Египтологијата е во мода откако Шамполион ги открил тајните на хиероглифското писмо. Од 11 март 1857 година, Теофил Готје ги пасионира своите читатели со „Романот на мумијата“, љубовна приказна која се одвива во времето на фараоните. Во 1848 година, во „Ла прес“, под наслов „Двете ѕвезди“ (Les Deux Étoiles), излегува роман во кој двајца англиски авантуристи се обидуваат да го ослободат Наполеон I од островот Света Елена. Истиот е издаден во „Л’универ илистре“ (L’Univers Illustré- Илустриран свет) од 24 јуни 1865 година под наслов „Убавата Жени“ (La Belle Jenny).[4] Тој продолжува да издава статии и песни, но пишува и биографија на Оноре де Балзак и авантуристички дела како неговиот роман на наметка и меч „Капетанот Фракас“ (Le Capitaine Fracasse) (1863). Назначен е за библиотекар на принцезата Матилда Бонапарт и ги посетува книжевните салони на Второто Царство, но исто така и уметничкото милје, интересирајќи се за музичарите (пишува за Хектор Берлиоз, Шарл Гуно, Рихард Вагнер, ... и го пишува либретото за балетот „Жизел“ на Адолф Адам) како и за сликарите (Ежен Делакроа, Едуар Мане, Гистав Доре, Теодор Шасерио[5]). Починал во 1872 година оставајќи слика на сведок на книжевниот и уметнички живот на своето време, чии уметнички концепти биле ценети и чие разновидно дело сè уште е признато. ЖивотописПрвите годиниРоден во Тарб на 30 август 1911 година}}[1], Теофил Готје долго ќе го сочува „споменот на силуетите на сините планини“. Има три години кога неговото семејство се сели во Париз. И покрај неговата мала возраст, чувствува носталгија и тешко се навикнува на новата околина[6]. Изненадувачки рано, има само пет години кога почнува да чита[6]. Неговите први големи книжевни страсти се „Робинзон Крусо“ и „Пол и Виржини“, кои му оставаат жив впечаток. Тогаш тој сонува да стане морнар, пред пасионирано да се заинтересира за театарот, особено за сценографијата[6]. Во 1820 година, на девет години, кратко останува во гимназијата Луј-ле-Гран во дневен престој. Неговите родители мораат да го извадат после еден триместар затоа што многу ослабел[6]. Посреќен е во гимназијата Шарлемањ како надворешен ученик. Таму го сретнува младиот Жерар Лабрини (идниот Жерар де Нервал). Во тоа време почнува да се интересира и да манифестира особена наклоност за доцните латински поети чиј чуден јазик го фасцинира. Тој е во прва година кога почнува да го посетува ателјето на сликарот Луј-Едуар Риу (1790-1855), и притоа открива дека тој страда од кратковидост[6]. „Големата продавница... романтична“На 27 јуни 1829 година, Готје го среќава оној кој ќе стане негов литературен „учител“, Виктор Иго, кому му го претставуваат Жерар и Петрус Борел. Оваа случка ја забрзува неговата писателска кариера. На 25 февруари 1830 година, учествува во познатата „битка на Ернани“, облечен во црвен елек[7] што трајно ќе го обележи неговиот дух. Истата вечер, овој пасиониран „ернанист“ го напушта ателјето на Риу. Водејќи ги „сите големи романтичарски кампањи“, тој ја пишува својата прва стихозбирка чие издавање го финансира неговиот татко. Делото излегува во 1830 година и поминува потполно незабележано. Овие први песни сепак покажуваат еден млад многу вешт поет, освојувајќи го литературното наследство на неговите славни претходници. Сепак Готје покажува оригиналност со вродено чувство за форма и јасен и прецизен израз. ![]() Готје продолжува да го посетува Виктор Иго и неговите блиски. Во овој литературен круг тој се запознава со Селестен Нантеј, кој три години подоцна, кога Готје повторно ќе ги печати своите први стихови, ќе ја илустрира неговата нова стихозбирка со „ултраексцентрична гравура“[6]. Исто така го среќава романтичниот издавач Ежен Рандиел, кој штотуку го објавил „Вечери на Валтер Скот“ (Soirées de Walter Scott) [8]. Во 1833 година во „Млади-Франција“ сочно пишува за животот на уметниците кои го чинат уметничкиот круг. Во ова „барокно“ дело, Готје е луциден и ироничен сведок на „скапоцените смешни на романтизмот“[6]. Две години подоцна, исто така кај Рандиел го издава романот „Госпоѓица Мопен“ кој предизвикува вистински скандал. Готје го напушта семејниот дом на плоштадот Вогези и се сели во еден пропаднат хотел, во близина на сегашниот плоштад Карусел, каде е сосед со Камиј Рожје, Арсен Усе и Жерар де Нервал[6]. Апартманот го дели со Ежен Пио. Почетоците на критичар и романописецОноре де Балзак, кој го цени неговиот младешки талент, го пратил Жил Сандо да му понуди да пишува за весникот „Ла кроник де Пари“. Готје тука издава новели како „Заљубената смрт“ (La Morte amoureuse) и „Златниот синџир“ (La Chaîne d'or) како и уметнички критики. Ќе биде многу импресиониран од „учителот“ и подоцна ќе придонесе за неговата легенда со биографските портрети на Оноре де Балзак[9]. ![]() Исто така работи за магазинот на Шарл Мало, „Ла Франс литерер“ (La France littéraire), и за дневникот Емил Жирарден, „Ла прес“. Во овој весник, Готје најпрво се ангажира со ликовна критика. Се проценува дека бројот на фељтони и статии кој ги редактирал за овој весник изнесува повеќе од две илјади. Одреден број од овие написи е собран во: „Гротески“ (Les Grotesques), „Историја на сликарите“ (L'Histoire des peintres), „Модерна уметност“ (Art moderne), „Уметностите во Европа“ (Les Beaux-Arts en Europe), „Историја на драмската уметност во последните дваесет и пет години“ (Histoire de l'art dramatique depuis vingt-cinq ans), „Уметничките богатства на Русија“ (Trésors d'art de la Russie), „Современи портрети“ (Portraits contemporains), Историја на романтизмот (Histoire du romantisme), Книжевни спомени (Souvenirs littéraires) и др. Сите овие статии се напишани со воодушевеност и радост на еден чист, течен, беспрекорен и блескав јазик. Готје создава свој стил на пишување на уметничка критика која не цели само на судот, на анализата, туку исто така цели да ја обнови исправноста на естетското чувство. Тој бара да го долови, со помош на зборови, визуелното и музичкото чувство предизвикано со директната перцепција на уметничкото дело. Оваа задача на хроничар го окупира целиот негов живот. „Работев во „Ла прес“, во „Фигаро“, во „Ла карикатур“, во „Мизе де фамиј“, во „Реви де Пари“, во „Реви де де монд“, насекаде каде што тогаш се пишуваше.“ Често тешка, оваа секојдневна работа не го спречува да спортува (бокс и пловење) [6] и да продолжи да твори поетски и драмски дела. Така во 1838 година излегува „Комедијата на Смртта“, стихозбирка, доста различна од претходните каде под влијание на Вилијам Шекспир, Јохан Волфганг Гете и Данте Алигиери, Готје го ваја духот на Смртта. Во 1839 година, Готје се оддава на искушение кон театарот, на кој отсекогаш му се восхитува, и ја пишува „Ѓаволска солза“, потоа „Маѓепсаниот трирог“ (Le Tricorne Enchanté) и „Посмртниот Пјеро“ (Pierrot Posthume). Тие се фантазии, самовилски пасторали, лирски театар, невозможен и имагинарен, што тој го оживува во либретата на повеќе балети, од кои најпознат е „Жизела“, првпат одигран на 28 јуни 1841 година во париската Опера, со огромен успех. Патувања![]() На 5 мај 1840 година, Готје во друштво на Ежен Пио заминува за Шпанија која ја знае од „Раскази од Шпанија и Италија“ (Contes d'Espagne et d'Italie) од Алфред Мисе и „Ориенталките“ (Les Orientales) од Виктор Иго. Неговото „Патување во Шпанија“ (Voyage en Espagne), еден вид на бележник на силни впечатоци, во кој е истакната свежината на погледот, изненадувањето на визијата и постојаната грижа за точноста на кажаното. Овие визии се вдахновение за нови стихови, „Еспања“ (España), кои излегуваат во стихозбирката „Песни“ (Poésies complètes) во 1845 година. Ова прво патување брзо води до други. Во 1845 година е патувањето во Алжир, во 1850 во Италија, во 1852 во Грција и Турција, во 1858 во Русија и во 1869 година во Египет (дописник на Службен весник на Франција за отворањето на Суецкиот Канал [10]). Од секое од овие патувања произлегуваат публикации: „Италија“, „Константинопол“, кои потоа се основа за неговите книжевни дела, романи, новели или песни. Многу заинтересиран во фотографијата, станува член на Хелиографското друштво во 1851 година. ЗрелостПокрај работата на критичар која ја врши во „Монитер универсел“, Готје сè уште ја има склоноста кон поезијата: како што сведочат неговите пријатели, на пример Емил Бержера или Максим ди Кан, таа останува негова страст, негова забава, негова секојдневна вежба. Така, на 17 јули 1852 година, кога Готје е во Константинопол, излегува неговата прва верзија на „Глазури и камеи“, збирка која сè до 1872 година се збогатува со нови песни. Во 1857 година, Готје со својата друшка, Ернеста Гризи (сестра на танчарката Карлота Гризи на која ќе ѝ биде љубовник), со своите ќерки, Жидит и Есте, како и неговите две стари сестри, се сели во Неји-сир-Сен, во една мала куќа каде со задоволство ги прима своите пријатели: Шарл Бодлер кого редовно го среќава (сепак нема да отиде на неговиот погреб), Александар Дима – синот, Ернест Фејдо, Гистав Флобер, Пјер Пиви де Шаван како и Гистав Доре. Од неговата врска со Ежени Фор, многу убава жена, помлада од него и шпанско потекло, тој имал син, Теофил Готје син, роден на 29 ноември 1836 година, кој повеќепати ќе го заменува татка си во „Монитер универсел“. Во книжевните салони на принцезата Матилда (назначен за нејзин библиотекар), Готје се среќава со некои писатели како Иполит Тен, Шарл Огистен Сент-Бев, Проспер Мериме, Гонкурови, како и одредени сликари како Пол Бодри, Гистав Буланже, Жан-Леон Жером, Фредерик О’Конел кој ќе му го наслика неговиот портрет во 1857 година[11], вајари како Жан-Батист Карпо, научници како Клод Бернар, Луј Пастер и Марселен Бертело. Во ова време Готје е водач на школата. Бодлер се изјаснува како негов следбеник (му ја посветува „Цвеќињата на злото“, определувајќи го како „беспрекорен поет“[2]), Теодор де Банвил му ги посветува своите стихови. Во 1844 година Теофил Готје го основа „клубот на хашишовците“ со Жак-Жозеф Моро, клуб посветен на проучување на канабисот. Овој клуб ќе го посетуваат бројни тогашни уметници, меѓу кои и Шарл Бодлер.
Претседател на Националното уметничко друштвоВо 1862 година бил избран за претседател на Националното уметничко друштво, чиј комитет е составен од најпрестижни сликари: Ежен Делакроа, Пјер Пиви де Шаван, Едуар Мане, Албер-Ернест Карје-Белез и Гистав Доре. Изборот на оваа позиција предизвикува завист кај помалку познатите книжевници заради што тој не успева да биде примен во Француската академија и покрај четирите кандидатури (во 1856, 1867, 1868 и 1869 година[12]). Длабоко потресен од воените случувања во 1870 година, Готје се враќа во Париз, каде ги поминува своите последни дни, нагризен од болеста, но свесен за задачата за образование и за пример што ја имаше за младите генерации. На 23 октомври 1872 година, ноќта, неговото срце престанува да бие. Виктор Иго, Стефан Маларме и Теодор де Банвил му држат последна „погребна здравица“. Закопан е на гробиштата Монмартр во Париз. Цитати
(Предговор на „Госпоѓицата де Мопен“)
(„Ландскиот бор“, „Еспања“)
(„Театарски спомени“) Во 1851 година, Арман Баше му напишал на Теофил Готје барање самиот да се опише. Готје му вратил биографија каде се доверува:
ДелаРоманиГотје напишал осум романи, сите објавени додека бил жив:
Покрај тоа, Теофил Готје е еден од четворицата автори на романот „Крстот на Берни“ (La Croix de Berny), (1845). Раскази и новелиГотје напишал триесетина раскази и новели, повеќето биле во доменот на фантазијата. Следниве новели излегле во „Млади-Франција“ во 1833 година:
Следниве новели излегле во „Ѓаволска солза“ во 1839 година:
Следниве новели првпат излегле во збирката „Новели“ во 1845 година:
Следниве новели првпат излегле во „Тигрова кожа“ (La Peau de tigre) во 1852 година:
Следниве новели излегле во збирката „Романи и раскази“ (Romans et contes) во 1863 година:
Следниве новели излегле првпат во второто издание на „Тигрова кожа“ во 1866 година:
Една сама новела:
Неговата последна новела излегла посмртно во 1881 година:
Биографии на композитори
Разни дела
Поезија![]()
Комплетната поезија на Готје, без „Глазури и камеи“ излегува во 1875-1876. Песни том 1 на Галика Песни том 2 на Галика Балет и театарТеофил Готје е автор на 5 балети од романтичниот репертоар, од кои хронолошки првиот, останува еден од најизведуваните на светот, „Жизела или Вилиеви“. Од друга страна, неговото театарско дело е минорно.
Две збирки излегле во 1855 (Џепен театар (Théâtre de poche) и во 1872 година (Театар. Мистерии, комедии и балети (Théâtre. Mystères, comédies et ballets)), но не се целосни. Неодамна е издадено целокупното театарско дело на Готје, одредени пиеси чекале повеќе од век и пол за да бидат повторно издадени[14]. Патописи
Критики
Куриозитети (еротски)
Теофил Готје во музикатаСпоред Ендру Ган[15], близу триста композитори во музика ги преточиле делата на Готје, и многу песни биле конципирани за да бидат преточени во музика. „Летните ноќи“ (Les Nuits d'été) е циклус од шест мелодии на Хектор Берлиоз на песни извадени од Комедија на смртта. Меѓу другите композитори, може најпрво да се наведат Бизе, Дебиси, Анри Дипарк, Венсан Д’Енди, Жил Масне, Де Фаља, Габриел Форе (Морнарите, Сама, Тага), Ернест Шосон (Последниот лист, Пеперутките, Караванот), Едуар Лало (Роб), Рејналдо Хан, Шарл Гуно и Офенбах (Баркарол). Меѓу денес помалку познатите композитори се Адолф Адам (Жизела, балет, 1841), Јохан Фридрих Бургмилер (Ла Пери, балет, 1844), Ксавје Боасело, Франсоа Базен, Иполит Монпу, Фелисјен Давид (Во еден бакнеж, Бранот, Султанот Махмуд, Газел), Полин Вјардо (Примавера, Серенада, Ламенто), Ернест Рејер (Селам, симфониски ораториум), Теодор Лабар, Виктор Масе. Може да се наведат и Алир Биро и Наполеон Анри Ребер. Наводи и белешки
Надворешни врски![]() Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Викиизворот на француски има изворна содржина поврзана со оваа статија:
|
Portal di Ensiklopedia Dunia