Леонардо Спинацола
Леонардо Спинацола (италијански: Leonardo Spinazzola; р. 25 март 1993 во Фолињо) — италијански фудбалер, играч од одбраната на Наполи и на италијанската репрезентација. Технички одликиЛев бек, кој исто така може да биде користен по десната страна, се одликува со големи физички и атлетски квалитети, отпорен на притисок и одличен во промената на темпото.[1] Меѓу неговите најдобри квалитети се дриблингот, особено лажњакот, правејќи двојни чекори напред што му овозможува лесно да го надтрча противникот:[1] оваа способност го прави многу ефикасен во двобоите еден на еден и во натпреварите со брзо темпо на игра.[1] Исто така, тој се одликува со голема брзина. Во ситуација кога ја има топката во својте нозе, најчесто одбегнува да навлегува кон средината на теренот и се движи напред по својата страна од каде што потоа испраќа дијагонално додавање кон напаѓачите или играчот од средниот ред од спротивната страна на теренот; неговиот стил на игра се одликува со први допири и брзина, чести излети на противничката половина и напаѓање во длабочина.[1] Наспроти тоа, меѓу неговите слабости во играта се воздушните двобои и сопирање на противникот.[1] Според стилот на игра тој е споредуван со Џанлука Ѕамброта,[1] играч за кој Спинацола изјавил дека го вдахновува.[2] КариераТитулиКлупскиЈувентус
Наполи
РепрезентацијаНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia