Леска (Мала Преспа)За други значења на поимот, погл. Леска (појаснување).
Леска (албански: Lajthizë) — село во Општина Пустец, Област Горица, Албанија. Селото припаѓа во географската област Мала Преспа. Во 2007 година, селото имало 350 жители.[1] Географија и местоположбаЛеска е најдалечното село до градот Горица (Корча), а инаку соседни се Ѕвезда и Полена (населени со Албанци). ТопонимијаВо атарот на Леска се познати следниве позначајни топоними:[2] Ваковското Нивје, Голиње, Горна Леска, Горна Чезма, Горниците, Гропата, Дунојца, Зад Корија, Зли Дол, Иван, Ќафа, Коријата, Крајбрег (Кројбек), Круша (Дардаза), Ладиње, Леска, Лизгалата, Лозница, Љаска, Над Камен, Палје, Пепелајца, Плетваро, Плочи, Садо Калдрма, Суљмајнца, Трпојца, Турските Гробишта, Филаќето, Џавото Кладенче, Шумнајца. ИсторијаЗа Леска има премногу легенди како таа е изградена, но едиственото сметање е тоа дека името го добила поради многу бројните дрва на растението леска уште пред да се отворат границите во Албанија (пред 90`) кога била населена во денешна Ласка или турските гробишта. После заминувањето на населението Леска броела 5 фамилии (3 македонски и 2 турски). Поради полошите услови а потебата за подобри населението се премести каде е денешна Леска и тука започнале нов живот. ДемографијаВо Леска главно живеат луѓе од македонска народност.
РодовиЛеска е македонско село. Родови во селото се: Казлеровци, Мазенковци, Настовци, Пандовци, Поповци, Ристовци, Стојановци, Трајковци и Џаферовци.[4] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia