Зрновско
Зрновско (дијалектно: Зрноско; албански: Zaroshkë, служ. Zrnovsko) — село во Општина Пустец, Област Горица, Албанија. Селото припаѓа во географската област Мала Преспа. Географија и местоположбаЗрновско е село во Мала Преспа. Селото се наоѓа на крајниот југозападен брег на Големото Преспанско Езеро. Во северното подножје на Иван Планина и Сува Гора, се наоѓа на надморска висина од околу 865 м.н.в.[1] Соседни села на селото Зрновско се: од север селото Леска, Пустец и водите на Преспанското Езеро. Од исток со селото Церје и селото Орово (Егејска Македонија). И од југ со селата Ѕвезда и Голо Брдо.[1] ТопонимиПопознати места во атарот на селото се: Алио Дол, Арангел, Бачилото, Белите Камење, Блато, Ваковчето, Вртељка, Габро, Грмадите, Гуменица, Гумното, Дамас, Дупките, Заткопадина, Зарезана Стена, Зрновско, Иван Голем, Иван Мал, Кладенецо, Калгагуните, Калугер, Кафа, Кафчето, Корито, Крајнојца, Крстенко, Лучки, Малкунките, Осо, Писан Камен, Ралник, Ридо Голем, Старгулиг, Старо Село, Тодорица, Трапеник, Трпунивиште, Црвена Горица.[1] ИсторијаЗрновско е старо, повеќевековно) село, во кое отсекогаш живееле православни Македонци. Селото најрано се спомнува во периодот 1568/69 г. за казата Билишта.[1] Село првобитно се наоѓало 2 км источно од денешната положба, до водите на Преспанското Езеро. Во XVIII век морало да се премести поради поплавувањето од надојдените води.[1] Селото дало активен придонес во текот на Илинденското Востание, а како еден од главните дејци на организацијата се спомнува Вангел Тодоровски (1885-1902) кој да не падне во рацете на непријателот се самоубил во борбите кај селото Волкодери. Исто така познат илинденец бил и Кристо Трајче Аргировски.[1] По 1912 г. селото потпаднало под Грција, за после 1923 г. да ѝ биде доделено на Албанија.[1] Селото активно учествувало и во текот на Втората светска војна, па така излегле партизани од ова село. Помеѓу партизаните во Македонија се приклучиле двајца, а во партизаните во Албанија — тројца партизани.[1] СтопанствоДемографијаСпоред Васил К’нчов, во 1900 г. селото броело 250 жители, сите православни Македонци.[2][3]
РодовиЗрновско е македонско село. Родови во селото се: Андоновци (доселени од Шулин), Аргировци, Бојчевци (доселени од Шулин), Волкановци (доселени од Шулин), Димовци (доселени од Церје), Крстиновци, Коруновци, Ридовци (доселени од Церје во 1980 г.), Секуловци, Сотировци, Спировци (доселени од Церје во 1980 г.), Танасовци, Тодоровци и Трповци.[1] Општествени установиКултурни и природни знаменитостиРедовни настаниЛичностиКултура и спортИселеништвоОд селото има иселеници на многу места. Од Андоновци и Аргировци во Горица (Корча). Од Танасовци во Елбасан. Од Тодоровци во Поградец. Од Танасовци во Прењас. Од Тодоровци во Валона. Од Секуловци и Бојчевци во Либражд. Во 1946 г. некои семејства се иселиле во Војводина (од Танасовци, Димовци, Секуловци и Аргировци).[1] Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia