Лешански манастир
Лешански манастир (Манастир „Си Свети“) — средновековен манастир во областа Дебрца, сместен во селото Лешани. Старата црква на манастирот посветена на „Сите Светци“ потекнува од 1452 година, кога биле удрени нејзините темели на постара црква, која се претпоставува дека потекнува од IX век. Подоцна, била подигната и нова поголема црква посветена, исто така, на „Сите Светци“ веднаш до старата помала црква. Лешанскиот манастир е единствениот манастирски комплекс посветен на „Сите Светители“ во Македонија, но и на Балканот.[1] МестоположбаМанастирот се наоѓа во селото Лешани, во областа Дебрца, оддалечен 30-тина километри од градот Охрид. До манастирот води асфалтиран пат, на кој постојат уредно поставени патокази.[1] ИсторијаМанастирот бил изградена во 1452 година со удирање на темелите на старата еднокорабна црква посветена на „Сите Светители“ на основа на средновековна базилика од IX век. Во текот на XIX и XX век, кога имал активен монашки живот, манастирот бил добро одржуван, но по 1971 година, со починувањето на последната монахиња, започнал да пропаѓа и руинира. Манастирот е тесно поврзан со историјата на Дебрца, па така за време на НОБ, во него се наоѓал штабот на партизанските единици и оттука се планирале ослободителните акции. Монашки животЛешанскиот манастир претставувал женски манастир во текот на XIX и XX век, а сестринското сè до Втората светска војна броела и до 30 монахињи. По војната останала само сестрата Евдокија, која во 1971 година починала и е погребана во манастирот. Градби во манастиротОд манастирскиот комплекс до денес се сочувани: старата манастирска црква, заедно со рушевините и темелите на постарата средновековна црква, новата манастирска црква, новата камбанарија налик на црква, новоизградената црква „Покров на Пресвета Богородица“ и конаците. Црква „Сите Светители“Била изградена во 1452 година, кога е и живописана. Таа е мала еднокорабна, ѕидана од кршен камен и бигор. Живописот, што го има изведено непознат автор, се издвојува со својот колоритет, што ретко се среќава. Некои фрагменти покажуваат дека црквата е живописана и од надворешната страна. Авторот на живописот влегува во редот на талентираните зографи. Црква „Покров на Пресвета Богородица“Новоизградена црква во дворот на манастирот, чија изградба сè уште е во тек. Галерија
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia