Општина Дебрца
Општина Дебрца — општина во западниот дел на Македонија. Општината е создадена согласно законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година со спојување на општините Белчишта и Мешеишта. На север граничи со Општина Кичево (порано Општина Другово), на југ со Општина Охрид, на исток со Општина Демир Хисар, а на запад со Општина Струга. Центар на општината е селото Белчишта. Општина Дебрца е единствена општина во Македонија која не е именувана по општинскиот центар, туку по географската област. ГеографијаОпштина Дебрца се наоѓа во југозападна Македонија. Околни Општини, кои граничат со Општина Дебрца се:
Главно населено место во општината е селото Белчишта. ![]() ![]() ИсторијаДебрца има важна улога за време на НОБ. На 18 август 1943 година, на Славеј Планина, Дебрца, е формиран првиот македонски баталјон „Мирче Ацев“, а на 11 ноември истата година во селото Сливово е формирана Првата македонско-косовска ударна бригада. Во селото Црвена Вода, пак, во месец ноември 1943 година е формиран Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. СтопанствоДемографија
Според пописот од 2002 година, општината имала население од 5.507 жители, од кои
Според последниот попис од 2021 година, општината имала население од 3.719 жители, од кои
Општествени установиСамоуправа и политикаГрадоначалник на Општина Дебрца е Зоран Ногачески од редовите на СДСМ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за мандат од четири години.[2] Советот на Општина Дебрца е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се: ![]() СДСМ: 6 места ВМРО-ДПМНЕ: 4 места Независни: 1 место Културни и природни знаменитости
Редовни настаниЛичности
Култура и спорт
ИселеништвоНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia