Ливадарка
![]() ![]() Ливадарката (науч. Poa)[1] — род од околу 500 вида на треви од умерените појаси од обете полутопки. Родот спаѓа во потсемејството на ливадарките (Pooideae) на семејството на тревите (Poaceae). Во родот има и едногодишни и повеќегодишни видови. Највеќето се двополови, но има и некои што се еднополови (посебни машки и женски растенија). Растението расте до висина од половина метар до метар, листовите му се тесни, свиени или рамни, а понекогаш четкасти. Основната обвивка е зарамнета, а некаде задебелена, со тап или качулкаст врв и ципеста лигула. Одгледување и применаМногу од видовите имаат голема важност на пасиштата како храна за добитокот. Правата ливадарка (Poa pratensis) е најзастапената студеносезонска трева на тревници, спортски терени и игралишта за голф во САД.[2] Едногодишната ливадарка (Poa annua) напати се смета за коров, зависно од околностите.[3] Според римскиот лекар Гален, корењата од извесни видови на ливадарка се добри за лекување на рани и крварење. Во XVI век ливадарките се користеле како лек за воспаление на бубрезите (нефритис).[4] Некои видови се популарни градинарски треви во Нов Зеланд. Видови
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia