Лилјана Чаловска
Лилјана Чаловска (Софија, 1920 година - Скопје, 20 јули 1997) — македонска писателка и активна учесничка во напредното движење на македонските студенти во Белград. ЖивотописЧаловска била член на КПЈ од 1940 година и делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Покрај тоа, била еден од организаторите и раководител на Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, одржан на 21 декември 1944 година во Фуштани. Најпосле, таа била учесничка во АСНОМ, а по завршувањето на војната била народен пратеник во Собранието на Македонија и во Сојузното собрание. Чаловска е позната и како првата сопруга на политичарот Лазар Колишевски.[1][2] ТворештвоЧаловска била членка на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на седум збирки поезија:
Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia