Лопингиум ― најдоцната низа/последната епоха на пермот.[3] Тоа е последната епоха од палеозоикот. На лопингиумот му претходел гвадалупијанот, а потоа бил проследен од раниот тријас.
Лопингиумот е често синоним за неформалните поими доцен перм или горен перм.
Името било воведено од Амадеус Вилијам Грабау во 1931 година и потекнува од Лепинг, Џијангкши во Кина.[4] Се состои од две фази/доба. Пораната е вучијапингијан, а подоцната е чангсингијан.[5]
Меѓународната хроностратиграфска табела (v2018/07)[3] обезбедува нумеричка старост од 259,1 ± 0,5 Ma. Доколку е одобрен глобалниот граничен стратотипски отсек и точка (GSSP), долната граница на најраната фаза ја одредува нумеричката старост на една епоха. GSSP за вучијапингијанот има нумеричка старост од 259,8 ± 0,4 Ma.[6][7]
Доказите од Миланковичиевите циклуси наведуваат дека должината на еден ден на Земјата во оваа епоха била приближно 22 часа.[8]
Лопингиумот завршил со Пермско-тријаскиот изумирачки настан.