Ријацинскиот период (грчки: ῥύαξ, што значи „поток од лава“) ― втор геолошки период во палеопротерозојската ера и траел од пред 2300 до 2050 милиони години.[1] Наместо да се заснова на стратиграфија, датирањето се дефинира хронометриски.[2]
Бушвелдскиот магматски комплекс и некои други слични излегувања на капри создадени во овој период.[2]
Хјуронската (Макганјенска) светска глацијација започнала во почетокот на ријацинот и траела 100 милиони години.[3]
За временски интервал од 2.250 да 2060 милиони години, алтернативен период врз основа на стратиграфија наместо хронометрија, по име или Јатулијан или Евкаријан, бил предложен во еден преглед во „Геолошката временска скала 2012“, уреден од Градстајн и други,[4] но од март 2020 година, ова сè уште не е службено усвоено од МСГН. Терминот Јатулијан се користи во регионалната стратиграфија на палеопротерозојските карпи на Феноскандија.[5]