Македонка (списание)![]() Списанието „Македонка“ е орган на Антифашискиот фронт на жените од Македониjа, прво македонско списание за жени во слободна Македонија.[1] ИсторијаПрвиот број на списанието излегол во ноември 1944 г., а бил испечатен во с. Горно Врановци. Подоцна се печатело во Прилеп и во Битола. Прва уредничка била Веселинка Малинска. Следните два броја ги подготвиле Славко Јаневски и Василие Поповиќ-Цицо. Тиражот бил 1.000 примероци. Причината поради која настанало списанието била зацврстување на извојуваната позиција на жените како градители на државата и утврдување на правото за масовно и активно вклучување во сите професии и во органите на власт, но и поврзување со жените од цела Југославија за заедничко решавање на женското прашање. РедакцијаМеѓу редовните авторки и автори во списанието „Македонка“ се среќаваат: Нада Ачкоска, Ленче Арсова, Деса Миљовска, Вера Николова, Васка Дуганова, Кефсер Шукри, Киро Хаџи Василев и Лилјана Чаловска.[2] Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia