Македонски женски сојуз![]() Македонскиот женски сојуз бил организација на жените бегалци од Македонија, формирана во Бугарија. Егзистирал во периодот помеѓу 1926 - 1934 година, одржувал контакти со ВМРО. По Деветнаесетомајскиот преврат од 1934 година, Женскиот сојуз бил забранет од бугарските власти. Во 1940 година претседателката на МЖС доктор Злата Сарафовa ја потпишала декларација за пристапувањето на целокупна и обединета Македонија во границите на Бугарија [1]. ПоставеностУправен орган на Сојузот бил конгрес, кој се свикувал секоја година, а Сојузот се управувал од Управното тело со делегиран претставник на Македонскиот национален комитет. На I конгрес во 1927 година бил прифатен Уставот на Сојузот, во кој целта на организацијата е дефинирана како зачувување на народно чувство и одржување на македонските традиции и обичаи. Подорганизацијата е Сојузот на македонските девојки. Сојузот создал свои гранки и друштва во Бугарија и надвор. Во 1928 година имал 45 друштва и 4 500 членови, а во 1933 - 51 друштва и околу 6 000 членови [2]. Активност![]() Меѓу активностите на Сојузот се отворањето на трапезарии за сиромашни македонски деца, организирање на изложби во Бугарија и Западна Европа, книгоиздавање, фолклорни настани, детска просвета и други културно-просветни активности [3]. Сојузот се приклучил на бугарската секција на Меѓународната женска лига за мир и слобода со претседател Екатерина Каравелова [4]. Во 1933 година Сојузот испратил делегати на Големиот македонски собор во Горна Џумаја. Константина Александрова и Вела Карајовова се меѓу потписниците на Повикот кон на македонската емиграција во Бугарија за време на Големиот македонски собор. Македонскиот женски сојуз издавал некролози и организирал панихиди во чест на починаатите истакнати жени од македонското револуционерното дело како Донка Ушлинова и Мара Бунева. ДејциПоистакнати активисти на Македонскиот женски сојуз се Константина Александрова, сестра на Тодор Александров [5], Рајна Дрангова, Зора Лазарова, Вела Панова, Вела Карајовова, Елена Томалевска, Евгенија Александрова, Славка Ѓерова, Злата Сарафова, Донка Захариева, Елена Настева, Елена Димчева, Тана Цветков и др. Извори
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia