Привремено претставништво на поранешната Внатрешна организација
Привременото претставништво на „поранешната Внатрешна организација“ е формирано по обединувањето на серчаните и револуционерите од Западна Македонија на поранешната обединета Македонска револуционерна организација. Бил објавен Апел до македонскиот народ и до емиграцијата во Бугарија за постигнување единство во барањето за самостојност на Македонија. Ополномоштен делегат бил испратен во Париз да ги застапува македонските интереси, да го пренесе барањето за ослободување и за обединување на Македонија во самостојна неутрална држава. Органот на Привременото претставништво објавил резолуција, на 8 мај 1919 година, од Собирот одржан внатре во земјата со барање за самостојна обединета Македонија. Основање![]() Непосредно по завршувањето на Првата светска војна доаѓа до раздвижување на македонското ослободително движење. Први се јавуваат Серчани со својата декларација од октомври 1918 година, во која повикале на реафирмирање на борбата на македонскиот народ врз принципот на автономија на Македонија. Во декларацијата било истакнато:
Принципите кој биле изложени во Декларацијата на Серчани биле доработени во брошурата „Назад кон автономијата“ од страна на Димо Хаџи Димов. Брошурата била објавена во 1919 година и во неа, меѓу другото, се истакнува:
Врз основа на овие принципи, помеѓу Серчани и претставниците на бившата Внатрешна револуционерна организација во Западна Македонија била постигната спогодба за обединување, кое било означено како продолжување на делото на бившата целокупна внатрешна организација. Во Привременото претставништво влегле истакнати револуционери од македонското револуционерно движење и старата Македонска револуционерна организација, меѓу нив биле: Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Петар Поп Арсов, Туше Делииванов, Ризо Ризов, Михаил Герџиков, Христо Јанков, Александар Бујнов, Таската Серски, Ѓорѓи Скрижовски, Чудомир Кантарџиев, Стоју Хаџиев и други. Дејност![]() По обединувањето бил испратен Апел до македонскиот народ од 9 март 1919 година во кој биле изложени гледиштата на групата по актуелните проблеми на македонското ослободително движење, а потоа во четири точки била изложена политичката програма. Во Апелот било истакнато:
По создавањето на претставништвото се започнало со создавање на организации насекаде на територијата на Бугарија каде што живеело бројно македонско население. Набрзо почнал да излегува и листот Билтен, орган на Привремено претставништво, во кој биле објавени статии за принципите на македонската самостојност. Во листот свои статии објавиле, Ѓорче Петров, Димо Хаџи Димов, Христо Јанков и други., се известувало и за собирите сред македонската емиграција во Бугарија и население во Пиринска Македонија. Понатамошната дејност на претставништвото била поврзана со Мировната конференција во Париз и претставувањето на своите принципи, а од тука произлегол и судирот со Извршниот комитет на македонските братства во Бугарија. На 10 април 1919 година, Пол Христов делегат на Привременото претставништво во Париз испратил протест до претседателот на Версајската мировна конференција, Жорж Клемансо. Во протестот се негодувало за активноста на Извршниот комитет на македонските друштва во Софија и било истакнато:
Пол Христов пред Мировната конференција ги изложил принципите на Привременото претставништво за решавањето на македонското прашање и постојано бил во кореспонденција со нејзините дејци. Во едно писмо испратено од претставнишвото до Пол Христов тие информирале дека: ... Во текот на неколку месеци успеавме да ги сплотиме сите македонски бегалци во Бугарија и населението во Македонија под знамето на самостојно суштетсвување на Македонија при полна географска и економска целина и под полна заштита на Лигата на народите... Ние ги разобличуваме сите јавни лица и групации во Бугарија, кои од името на Македонија аспирираат за национално обединување, т.е за присоединување на извесни македонски делови кон Бугарија... Ние ги разобличивме исто така сите оние дејци што со најформални акции се отстранија од револуционерниот пат и помогнаа судбината на Македонија да се сврзе со каузата на Бугарија... Ние водевме отворена борба против стремежите на официјалната бугарска политика, за која македонското прашање се сведува до прашање на монета за поткусурување... Сакајќи искрено од Македонија да направиме една држава која ќе создаде најсрдечни односи меѓу балканските народи, ние, сите што се борат за тој голем идеал, се поклонуваме пред Вас.... Привремено претставништво македонското прашање го третирало како географско, односо како шаренило на народи (Бугари, Грци, Срби итн.), отука во едно од нивните барања било истакнато:
И покрај силната дејност и агитација за создавање на независна македонска држава, Привременото претставништво не успеало во своите намери. Париската мировна конференција со мали исправки ги санкционирала одредбите од Букурешкиот договор од 1913 година, а Македонија била и понатаму поделена од нејзините соседи: Србија, Бугарија и Грција [4]. Димитар Влахов во своите мемоари истакнува дека во есента 1919 година Привременото претставништво преживувало криза и речиси не работело [5]. За се излезе од таквата состојба бил организиран собир кој се одржал во квартот Лозанец во Софија. На собирот учествувале: Димо Хаџи Димов, Ѓорче Петров, Димитар Влахов, Благој Касабов и други. Главниот реферат на овој собир бил одржан од Димо Хаџи Димов, меѓутоа меѓу присутните немало некој поголем ентузијазам. На собранието дошле до израз различните погледи за идната дејност помеѓу Хаџи Димов и Ѓорче Петров. Собранието работело два дена, без да се донесе каква било резолуција, а учесните се разотишле без да имаат претстава за идната дејност сред македонската емиграција во Бугарија. ЗамирањеПо разочарувачкиот крај на мировната конференција во однос на нивните барања кои ги претставувале и желбите и очекувањата на голем дел од македонскиот народ, оваа организација се распуштила и поголемиот дел од нејзините членови се пасивизирале, дел од нив во своите ставови се приближиле со левоориентираните партии во Бугарија и со Комунистичката партија, додека еден дел се вклучиле во општествено-политичкиот живот на Бугарија. Таков бил случајот со Ѓорче Петров, кој станал претседател на комисијата за бегалци во рамките на земјоделската влада на бугарскиот премиер Александар Стамболиски, додека Димо Хаџи Димов ја формирал емигрантската организација Емигрантски комунистички сојуз, а подоцна станал и пратеник на БКП во бугарското народно собрание. Белешки
Извори
Литература
|
Portal di Ensiklopedia Dunia