Донка Ушлинова е родена во 1885 во село Смилево. На 15 години се омажила за Ставре Христов од селото Лера, Битолско. Додека мажот ѝ бил на печалба, Донка ја вознемирувал и следел еден Турчин, која таа го убила и го закопала со помошта на нејзината јатрва, Сребра Апостолова. По убиството двете жени пребегнале во блиската планина каде биле пресретнати од четата на ресенскиот војвода Славејко Арсов, кој им дал униформи.
По востанието, таа пребегнала во Бугарија преку Србија. Во Варна го сретнала својот сопруг. За време на Балканските војни Донка Ушлинова заедно со нејзиниот сопруг Ставре станале доброволци во Осмата костурска дружина на Македонско-одринското ополчение. Ушлинова учествувала во многу борби, но се истакнала во битките на Шарќој, Галиполе, при заробувањето на Јавер паша, Руен и Султантепе. За покажаниот хероизам таа станала ефрејтор и била наградена со два ордени за храброст – трети и четврти степен.
Прва светска војна
За време не Првата светска војна Ушлинова пристапила како доброволец во Вториот пешадиски македонски полк на Единаесеттата пешадиска македонска диверзија. Таа учествувала во Битката кај Јаребична, Дојран, Круша Планина и многу други. Наградена е со Орден за храброст од втор степен, а во 1917 година со Орден за храброст прв степен и чин подофицер, подарени лично од главниот командант на армијата генерал-поручник Никола Жеков. Донка подоцна е предложена за офицерски чин, но крајот на војната не дозволил тоа да се случи.
Донка Ушлинова, заедно со сопругот примиле парична помош од 10 000 лева со која градат мала куќа. Во 1924 година им се родил синот Александар. Донка Ушлинова била член на Варненското друштво на офицери Другарски сојуз, сè до нејзината смрт на 27 јуни1937 година. После смртта, македонскиот женски сојуз издал некролог:
„
Почина Донка војвода, жена револуционерка, херој и смел борец за родните идеали...