5 години за возраст до 27 г, 10 години за лица на 27 г. и постари. 2 години за деца до 4 г.
Македонскиот пасош е патна исправа која се издава на граѓаните на Република Македонија со цел да послужи за меѓународно патување. Важноста на пасошот е 5 години за лица под 27 години, и 10 години за лица над 27 години. За деца под четири години важноста на пасошот е ограничена на две години. Македонските пасоши се придржуваат кон препорачаните стандарди (т.е., големина, композиција, изглед, технологија) на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (IATA). Најновите македонски пасоши се биометриски пасоши.
Видови пасош
Пасош
Намена
Важност
обичен пасош тип А
обичен пасош кој се издава на сите државјани на Македонија.
10 години лица над 27 год. 2300 ден. 5 години 4-27 год. 1700 ден. 2 години 0-4 год. 1600 ден.
обичен пасош тип Б
обичен пасош со дополнителен натпис на албански јазик кој се издава по барање на подносителот.
дипломатски пасош
се издава на службеници во МНР со дипломатски статус, дипломатски претставници, високи избрани и именувани лица и останати лица определени со закон.
5 години
службен пасош
се издава на службеници во МНР кои немаат дипломатски статус, државни советници, раководни лица со посебни овластувања или задолжени за меѓународна соработка.
5 години
пасош за странец
се издава на странски државјанин за напуштање на државата, кој за време на престојот во Македонија го има изгубено својот пасош, а нивната држава нема ДК претставништво.
1 месец
Карта на визен режим
Визен режим за граѓаните на Македонија
Македонија
Безвизен режим
Виза при пристигнување
еВиза
Виза достапна при пристигнување или онлајн
Без виза со ваучер или покана
Потребна виза
Од јануари 2025 година, граѓаните на Македонија имат безвизен или визен пристап при пристигнување во 129 земји и територии, рангирајќи го македонскиот пасош на 40. место во светот во однос на слободата на патување.[1]
Визен режим за носителите на македонски пасош
Визен режим на Република Македонија со други држави, специјални административни региони и субјекти и територијални власти непризнати како држави.
Македонските пасоши 1991 - денесНовите биометриски пасоши со изменетиот македонски грб
Дизајнот и содржината на македонските пасоши се менувале со текот на годините. Првите пасоши биле издадени во 1991 и биле сини со натпис со сребрена боја, без македонскиот државен грб. Втората генерација на македонски пасоши имала златен натпис на корицата, а третата генерација го содржела и грбот на државата. Првите три генерации имале напишано само „Република Македонија“ и соодветниот превод на англиски „Republic of Macedonia“ на корицата.
Најновите, пасошите од четвртата генерација ја промениле својата боја во црвена, а исто така бил додаден и францускиот превод на официјалното име на републиката - „Republique De Macedoine“, како и натписот „Passeport“ под државниот грб. Пасошот е биометрички и содржи РФИД. Намената на овие чипови е складирање на биометрички и други податоци, кои може да се прочитаат од чипот. Издадените небиометрички се важечки сѐ до датумот на истекување на нивната важност.