Мали оддалечени острови на САД
Мали оддалечени острови на САД (англиски: United States Minor Outlying Islands) — осум островски територии на САД во Тихиот Океан: Бејкеров Остров, островите Хауленд и Џарвис, Џонстоновиот Атол, Кингменовиот Гребен, Мидвејскиот, Палмирскиот Атол и островот Вејк; и една во Карипското Море: Наваса. Управата на САД понекогаш тука ги вбројува и карипските територии Бахо Нуево и Сераниља, но тие се предмет на спорување од страна на други земји. Од сите овие острови, Палмирскиот Атол е единствената територија во состав на самите САД. Ниеден од нив нема постојано население, туку само привремен научен и воен персонал. Според пописот од 2000, избројани се 315 лица на Џонстоновиот Атол и 1 лице на островот Вејк.[1] Во поновата историја, на островите не е забележано домородно население, освен во пописот од 1940. Во 1936 започнала организирана колонизација на Бејкеровиот Остров, Хауленд и Џарвис Baker, но сите жители биле евакуирани во 1942 поради Втората светска војна.[2][3] Островите се групираат заедно од статистички причини. Тие не се под една управа, и немаат заедничка културна и политичка историја. Збирен код за островите во стандардот ISO 3166-1 alpha-2 е UM. Островите поединечно имаат бројчени кодови од ISO 3166-2 (вид. ISO 3166-2:UM). Порано островите го носеле државниот код на главниот интернет домен (ccTLD) „.um“; но истиот е укинат во јануари 2007.[4] Поимот „Мали оддалечени острови на САД“ е воведен во 1986 од страна на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). Од 1974 до 1986, пет острови (Бејкеров, Хауленд, Џарвис, Палмирскиот Атол и Кингменовиот Гребен) имале збирен назив „Различни Тихоокеански Острови на САД“ (United States Miscellaneous Pacific Islands), со ISO 3166-код PU. Мидвејскиот Атол го носел кодот MI, Џонстоновиот Атол имал код JT, а оној на Вејк гласел WK. Тихоокеанските острови се окружени со големи исклучителни економски зони. Острови
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia