Вермонт
![]() Вермонт (англиски: State of Vermont) — сојузна држава во североисточниот дел на САД. Главен град е Монтпилиер. Вермонт се наоѓа во областа Нова Англија, на северозападната страна на САД. По големината на површината Вермонт по ред е 43-та држава во Америка со 24000 км2. Населението во Вермонт според пописот во 2010 година изнасува 643,503 жители[2] и е втората најмала земја во САД, поголема е само од Вајоминг. Ова е единствената држава на Америка која не се граничи со Атлантскиот Океан. Езерото Шамплејн ја зафаќа половината од западната граница на Вермонт, кој ја дели границата со Њујорк. На југ Вермонт се граничи со Масачусетс, на исток со Њу Хемпшир, на запад со Њујорк и на север со канадската провинција Квебек. Вермонт бил населен од две поголеми Американски племиња (алгонкинско племе кое зборувало на јазикот Абенаки и племето Ироквис), поголемиот дел од територијата на денешен Вермонт била освоена од Франција во раниот колонијален период и влегла во составот на Нова Франција. Многу години, блиските колонии, особено Њу Хемпшир и Њујорк, ја имале контролата врз територијата (тогаш се нарекувала Њу Хемшир Грантс). Доселениците кои живееле на таа територија се избориле и создале една независна држава – Република Вермонт. Таа била создадена во 1777 година за време на Револуционерната војна и постоела четиринаесет години. Вермонт е една од седумнаесетте американски држави (заедно со Тексас, Хаваи, Република Калифорнија и секоја од Тринаесетте колонии) која имала монархистичка влада. Во 1791 година Вермонт им се придружил на Соединетите Американски Држави како четиринаеста земја, прва која била надвор од Тринаесетте колонии. Таа не го поддржувала ропството[3][4] додека била независна и по влегувањето во Унијата станала првата земја која го направила тоа. Географијата на државата е обележана со Зелените Планини, кои се протегаат од север-југ до средината на државата, одвојувајќи го езерото Шамплејн и другите долински терени на запад од долината на реката Конектикат што дефинира голем дел од нејзината источна граница. Поголемиот дел од нејзиниот терен е пошумен со тврдо дрво и четинари. Државата има топли, влажни лета и студени, снежни зими. Економската активност на Вермонт од 40,6 милијарди долари во 2022 година се рангирала на последното место на списокот на држави и територии на САД по БДП, но на 21 место по БДП по глава на жител. Позната по својот прогресивизам, државата била една од првите во САД што ги признала истополовите граѓански заедници и бракови, има највисок процент на производство на електрична енергија од обновливи извори со 99,9%, и е една од најмалку религиозните и најмалку расно/етнички различни државите. Млекарството, шумарството, јаворов сируп и виното се важни сектори во земјоделската економија на Вермонт. Вермонт произведува приближно 50% од националниот јаворов сируп. Географија![]() ![]() ![]() Вермонт се наоѓа во регионот на Нова Англија, источниот дел на Америка и зафаќа 24900 км2, со што е и 45-та земја во САД по должина. Копното зафаќа 24000 км2 а водата 950 км2 и со тоа Вермонт е 43-та по ред за најголема површина на копното и 47-ма според површината на водата. Таа е единствената држава која нема згради повисоки од 38 метри[6]. Заедно со водата и копното Вермонт е поголем од Ел Салвадор а е помал од Хаити. Вермонт е најмалата земја која е опколена со копно. Географскиот центар на Вермонт е Вашингтон, 5 км источно од Роксбури. Потеклото на името Вермонт не е познато со сигурност но најверојатно доаѓа од францускиот les Vert Monts што во превод значи „Зелените Планини“. Томас Јонг почнал да го употребува тоа има во 1777 година. Некои велат дека планините се наречени зелени бидејќи тие биле повеќе покриени со шума за разлика од Белите Планини во Њу Хемпшир[7] и Адирондак во Њујорк. Веригата на Зелените Планини формира таканаречен „’рбет“ од север кон југ, преку целата земја и го зафаќа најголемиот дел од државата, и во средината има блага свиеност кон запад. На југозападниот дел на државата се наоѓаат Таконските Планини[8]; Границките Планини се на североисточната страна. На северозапад, близу до езерото Шамплејн, е богатата долина Шамплејн. На југ од долината се наоѓа езерото Бомосин. Вермонт има 14 окрузи. Само две од нив Лемил и Вашингтон целосно се опколени со територија на Вермонт. Неколку планини имаат шумски појас со деликатен целогодишен алпинистички екосистем, вклучувајќи ги планините Маунт Менсфилд, највисоката планина во државата, Килингтон Пик, втората највисока планина, Камелс Хамп, третата највисока и Маунт Абрахам со петтиот највисок врв[9]. Околу 77 проценти од земјата е покриена со шума а остатокот е покриен со пасишта, висорамнини, езера, вештачки езера и мочуришта. Некои области на Вермонт како што се Мраш – Билингс Рокфелер Национално Историски Парк (во Вудсток) и Апалациската Национална Живописна Патека се дел од Националниот Парк на Вермонт.[10] Најголеми градовиВермонт има десет инкорпорирани градови. Најнаселен град во Вермонт е Берлингтон. Нејзиното метрополитенско подрачје е исто така најнаселено во државата, со проценка од 225,562 заклучно со 2020 година.
Клима![]() Вермонт има влажна континентална килма[11], со топли, влажни лета и ладни зими. Вермонт ја има Кепеновата климатска класа која е слична со онаа на Минск, Стокхолм. Средната годишна температура за државата е 6 степени.[12] Вермонт е познат по својата врнежливост во пролет, проследено со генерално вражно и рано лето, топол август, разнобојна есен и особено студените зими[13]. Руралниот североисточен дел во зима често доаѓа до 5.56 степени целзиусови пониска температура за разлика од јужните делови на земјата. Годишниот просек на паѓање снег изнесува меѓу 153см и 254см зависно од надморската височина. Годишната просечна температура на Вермонт изнесува 6 степени целзиусови. И со тоа тој е седмата најстудена земја во Соединетите Американски Држави.[14] Во есен, како што полека почнува да доаѓа зимата, ридовите на Вермонт се обоени со црвена, портокалова и златна боја на јаворовата шума[15]. Највисоката температура измерена во Вермонт е 41 степен целзиусов во гратчето Вернон на 4 јули 1911 година, додека најниската измерена температура е -46 степени целзиусовиво Блумфилд на 30 декември 1933 година; ова е најниската температура измерена и во Нова Англија (Големата Црна Река, Мајна исто така измери -46 степени целзиусови во 2009 година)[16]. Земјоделската сезона не ограничува на 0 до 120 до 180 дена.[17] Државата добива помеѓу 2.200 и 2.400 сончеви часови годишно. Нова Англија како целина добива опсег од помалку од 2.000 сончеви часови во дел од Њу Хемпшир до дури 2.600 сончеви часови годишно во Конектикат и Род Ајленд[18] Климатските промени во Вермонт ги опфаќаат последиците од климатските промени, припишани на антропогените зголемувања на јаглерод диоксидот во атмосферата. Државата веќе ги гледа последиците од климатските промени кои влијаат на нејзините екосистеми, економијата и јавното здравје. Според државната влада, врнежите значително се зголемиле во последните 50 години, бурите и поплавите се зголемиле, а зимите станале потопли и пократки.[19] Овие промени се одразиле на индустријата за зимски туризам,[20] и предизвикале пад на критичните земјоделски и шумски индустрии како што е јаворов шеќер.[21] Државата отворено признава и развива програми кои реагираат на глобалното затоплување.[22] Вермонт била една од првите држави во САД што ги усвоила целите за емисиите на стакленички гасови во 2006 година. Геологија![]() Постојат пет физиографски подрачја во Вермонт[23] . Категоризирани според геолошките и физичките атрибути тие пет подрачја се: Североисточните Високи земји, Зелените планини, планините Таконик, низините Шамплејин и Вермонт Пиедмонт.[24] Пред околу 500 милиони години Вермонт бил дел од Лаурентија и бил сместен во тропските предели.[25] Средишната и јужната верига на Зелените Планини ги вклучува најстарите карпи во Вермонт, настанати пред околу милијарда години за време на првото настанување на планините (или орогенија). Подоцна, пред околу 400 милјарди години, вториот период на настанување на планините ги создале врвовите на Зелените Планини кои биле со 14.600 – 6.100 м надморска височина, три или четири пати ниваната моментална височина е споредувана со Хималаите. Геолошките притисоци што ги создале тие врвови останале познати како Шамплејнови Притисоци, движејќи се од север до југ, на исток од планините (сега источно крајбрежје на езерото Шамплејн). Како резултат на тектонското формирање, делот од Вермонт кој се наоѓа источно од Зелените Планини е составен од карпи кои настанале во силурскиот и девонскиот период. Западен Вермонт е настанат претежно од постариот материјал Пред-Камбриум и Камбриум.[26] Некои згради кои се изградени во Германија, Хонгконг и Абу Даби најпрво се конструирани од гранитот кој го има во Вермонт. Постојат осум различни бои на гранит[27] кои ги има во Вермонт вклучувајќи ги: сива, светкаво бела, галактички сина, нежно розова, американско црна, гарденикова бела, лаурентијанова розова и сива. Остатоците од Чези настанокот можат да бидат видени на островот Ла Мот. Тој бил еден од првите тропски гребени. Тоа е страната на каменот варовник Фик Квари, кој се состои од антички морски фосили како што се стоматопороидите. Тие фосили датираат уште од пред 200 милијарди години. Се верувало дека во некоја точка Вермонт бил поврзан со Африка и дека фосилите и карпите пронајдени на бреговите на Африка и Америка се понатамошен доказ на теоријата на Панагија.[28][29][30] Во минатите четири векови, Вермонт искусил неколку змејотреси чиј епицентар ретко се наоѓал на територијата на Вермонт а најсилниот од нив бил во 1952 година со јачина од 6.0 степени според Рихтеровата скала.[31] ПриродознаниеВермонт претежно е составен од мешани шуми. Поголемиот дел од државата, особено Зелените Планини, се покриени со зимзелени дрвја и со северно тврдо дрво. Западната граница со Њујорк и областа околу езерото Шамплејн лежи во Источните Големи Езера на низинска шума. Југозападниот агол на државата и делови од реката Конектикат се покриени со североисточна крајбрежна шума од мешан даб. Државата содржи 41 вид на гуштери и водоземни животни, 89 видови на риба, од кои 12 не се домашни туку се донесени од странство[32], 193 видови на птици, 58 видови на цицачи, повеќе од 15 000 видови на инсекти и 2.000 високо растежни растенија[33], плус габички, алги и 75 различни видови на природни заедници. Во средината на 19 век, дивите гуски биле исфрлени од земјата со лов и со уништување на живеалиштата. Шеснаесет гуски биле повторно започнати да се одгледуваат во 1969 година и имале пораст од 45.000 во 2009 година.[34] Во 2013 година, ловците убиле 6.968 од нив[35] Од 1970 година, намалувањето на фармите резултирало со намалена животна средина и намален број на птици вклучувајќи ги и Американскиот вудкок, кафеавиот трашер и други.[36]Орелот-рибар, чии јајца претходно биле оштетени од ДДТ, почнал повторно да се појавува во 1998 година и до 2010 година, повеќе не биле загрозени во државата[37] Синдромот бел-нос убил речиси две третини од сите лилјаци кои се наоѓале во државата од 2008 до 2010 година.[38] памучното опавче од Нова Англија, надминато од флоридскиот зајак[39] и бумбарот со жолта лента, како еден од 19-те видови пчели во опаѓање.[40][41] Многу од реките на Вермонт, вклучувајќи ја и реката Винускај, се со регулирани корита со цел да се избегнат поплави. ИсторијаПредколонијален период![]() Првите луѓе што го населиле денешен Вермонт пристигнале пред околу 11.000 години, кога глечерите од последното ледено доба се повлекувале.[42] Мали групи ловци-собирачи следелестада карибу, елен и мастодон низ пасиштата на долината Шамплејн. Во тоа време голем дел од регионот бил мешана тундра. Најстарите човечки артефакти се проектили стари 11.000 години пронајдени долж источниот брег на Шамплејн.[43] Ова време е познато како палео-индијански период. Помеѓу 8.500 и 7.000 година, во времето кога постоело морето Шамплејн, американците староседелци се доселиле и ловеле во Вермонт. За време на древниот период, од 8 милениум пред нашата ера до 1000 година пред нашата ера, американците староседелци мигрирале околу една година. За време на дрвеното време, од 1000 година п.н.е. до 1600 година, се утврдувале нови села и мрежи и била развиена керамиката и технологијата за лак и стрела. Во овој период, на западниот дел на државата живеело мал број население од племето Алгонкинци, вклучувајќи ги и Мохиканците и Абенаците.[44][45] Доаѓањето на европските истражувачи во 1600-тите го означил крајот на периодот Вудлендовиот период и почетокот на Абенаки. Во тоа време, имало околу 10.000 домородни луѓе во денешен Вермонт, од кои се проценува дека 75-90% биле убиени од европски болести како што е сипаница.[46][47] Преживеаните се преселиле на север во Нова Франција или се асимилирале со европските доселеници.[43] Денес, нема индијански резервации во Вермонт. Во 2021 година, 0,2% од живородените деца во Вермонт биле на американски Индијанци.[48] Речиси сите информации за предколумбискиот период на Вермонт се од пронајдените артефакти. Во Вермонт се познати околу 750 праисториски локалитети,[49] но малкумина се ископани од археолозите, а оние на приватна сопственост немаат никаква правна заштита.[50] Околу 20 домашни топоними преживеале во државата, вклучувајќи ги и езерото Бомосеен, езерото Мемфремагог, реката Мисискои, планината Монаднок и Виноски. Колонијален период![]() За прв европеец кој го видел Вермонт се смета дека бил Жак Картие во 1535 година. На 30 јули 1609 година францускиот истражувач Самуел де Шамплејн го присвоил Вермонт како дел од Нова Франција и во 1666 година ја изградил тврдината Ламоткоја која станала прва европска населба во Вермонт.[51] Во 1666 година, тие ја изградиле Форт Сент Ана на островот Ла Мот за да ја одбранат Канада од Ирокезите. Била напуштен во 1670 година.[52] Краткотрајна населба постоела во Поинте а л'Алгонкин, денес Виндмил Поинт, Албург. На денешното место Свантон постоело село со црква и педесет колиби. Поголемиот дел од источниот брег на езерото Шамплејн било мапиран со сегниории, но доселениците не сакале да ја населат областа, веројатно поради континуираната војна и нападите.[53] Во 1638 година, земјотрес бил почувствуван во Нова Англија, со центар во долината на св. Лоренс. Ова бил прв сеизмички настан забележан во Вермонт. Во 1690 година, група на Холанско – Британски доселеници од Албани воспоставиле населба и место за тргување на местото Оџак, 13 км западно од денешниот Адисон. Првата постојана Британска населба била формирана во 1724 година со конструкцијата на тврдината Дамер, заштитувајќи ги блиските населби[54]. Од 1731 – 1734 година, Французите ја направиле тврдината Свети Фредерик кој им дал на Французите контрола на граничниот регион на Нова Франција/Вермонт во езерото Шамплејн. Со појавата на Француско-индиската војна во 1754 година, Французите започнале изградба на тврдината Карилон денешен Тикондерога, Њујорк во 1755 година. Британците не успеале да ја заземат тврдината Св. Фредерик или тврдината Карилон помеѓу 1755 и 1758 година. Во 1759 година, комбинирана војска од 12.000 британски регуларни и провинциски трупи под водство на Џефери Амхерст, го освоиле Карилон по што Французите ја напуштиле тврдината Св. Фредерик. Амхерс тогаш ја изградил тврдината Круна до остатоците од тврдината Св.Фредерик, обезбедувајќи ја британската контрола на ова место. По поразот на Франција, Договорот во Париз во 1763 година на британците им дал контрола на земјиштето.[55] Колонијалната населба била ограничена со освојувањето на земјиштето источно од Апалачии Вермонт бил поделен речиси на половина со една крива линија која се протегала од тврдината Вилијам Хенриво езерото Џорџ дијагонално североисточно до езерото Мемфремагог. Крајот на војната донел нови доселеници во Вермонт. На крајот, Масачусетс, Њу Хемпшир и Њујорк, сите ја освоиле/придобиле оваа предна област[56]. На 20 март 1764 година, кралот Џорџ III[57] ја воспоставил границата меѓу Њу Хемпшир и Њујорк по западниот брег на реката Конектикат, северна од Масачусетс, и на југ од 45 степени северно ширина. Кога Њујорк не ги прифатил имињата на земјиштето познати како Нов Хемпшир[58] (градови создадени со доделување на земјиште продадено од Нов Хемпшир, гувернерот Бенинг Вентборт), незадоволните колонисти се организирале во опозиција, што довело до создавање на независност на Вермонт во 15 јануари 1777 година. Во 1770 година, Итан Ален, неговите браќа Ира и Леви и Сет Ворнер регрутирале неформална милиција, позната како Зелени Планински Момци, да ги штитат интересот на оригиналните доселеници од Њу Хемпшир против новите доселеници од Њујорк.[59][60][61] ![]() ]] Независност и државностНа 15 јануари 1777 година, претставници на Нов Хемпшир прогласиле независност на Вермонт[62]. За првите шест месеци од своето постоење, се нарекувала Република Нова Конектикат.[63] На 2 јуни 1777 година, втора конвенција од 72 делегати се сретнале за да го усвојат името „Вермонт“. Ова се случило по совет од пријателски настроениот Пенисилван кој им пишал на нив како да постигнат прием во новата независна САД како 14 држава. На 4 јули, Уставот на Вермонт бил избран во таверната Виндзор, бил усвоен од страна на делегатите на 8 јули. Уставот бил меѓу првите пишани устави во Северна Америка и бил неспорно првиот кој ја укинал институцијата ропство,[64] обезбедил право на глас на секој возрасен маж и барал поддршка на јавни училишта[65]. Овој устави бил на сила од 1777 до 1791 година. Ропството било повторно забрането со државен закон на 25 ноември 1858 година. Револуционерна војнаБитката кај Бенингтон се одвила на 16 август 1777 година. Комбинирана американска армија, под команда на генерал Старк, ја нападнала британската колонија Хосик, Њујорк, од другата страна на границата од Бенингтон и заробиле речиси цел британски одред. Генералниот Бургон никогаш не закрепнал од оваа загуба и на крај го предал остатокот од неговата 6000 машка сила кај Саратога, Њујорк, на 17 октомври..[66] Битките кај Бенингтон и Саратога се познати како пресвртна точка во Револузионерната војна бидејќи тие биле првиот голем пораз на британската армија. Годишнината од битката сè уште се слави во Вермонт како државен празник. Битката кај Хабартон (7 јули 1777 година) била единствената битка водена во денешен Вермонт и иако континенталните сили биле технички победени, британските војски биле оштетени до таа точка што не ги бркале Американците кои се повлекувале од тврдината Тикондерога. Прием во УнијатаВермонт продолжил да се управува самостојно како суверен ентитет сместен во источниот дел од градот Виндзор цели четиринаесет години. Независната држава Вермонт издала свои монети од 1785 до 1788 година и обезбедувала поштенски сервис насекаде низ државата.[67]. Томас Читенден бил гувернер од 1778-1789 година и во 1790-1791 година. Бидејќи државата Њујорк продолжила да тврди дека Вермонт е дел од Њујорк, Вермонт не можел да биде примен во Унијата според член IV, Дел 3 од Уставот сè додека се согласи законодавниот дом на Њујорк. На 6 март 1790 година, законодавците ја условувале својата согласност со договор за преговарање за прецизната граница меѓу двете држави. Кога комесари од Њујорк и Вермонт се состанале за да одлучат за границата, преговарачите на Вермонт инсистирале да се решат и споровите за сопственоста на имотот со жителите на Њујорк, наместо да ја остават таа одлука на федералниот суд.[68] Преговорите биле успешно завршени во октомври 1790 година со договор дека Вермонт ќе плати 30.000 американски долари на Њујорк за да бидат распределени меѓу Њујорчани кои барале земјиште во Вермонт според њујоршките земјишни патенти.[69] Во јануари 1791 година, конвенцијата во Вермонт гласала со 105-4 [70] за да поднесе петиција до Конгресот да стане држава во сојузната унија. Конгресот дејствувал на 18 февруари 1791 година, за да го прими Вермонт во Унијата како 14-та држава од 4 март 1791 година; две недели претходно на 4 февруари 1791 година, Конгресот одлучил да го прими Кентаки како 15-та држава од 1 јуни 1792 година.[71] Вермонт станала првата држава која влегла во Унијата по првичните 13 држави. Ревидираниот устав од 1786 година, кој воспоставил поголема поделба на власта, продолжил да важи до 1793 година, две години по приемот на Вермонт во Унијата. Според Законот „Да се обезбеди слобода на сите лица во оваа држава“,[72] ропството било официјално забрането со државниот закон на 25 ноември 1858 година, помалку од три години пред Американската граѓанска војна.[73][74][75] . Жителите обезбедиле засолниште на неколку локации за избеганите робови кои бегале во Канада, како дел од Подземната железница.[76] Граѓанска војнаОд средината на 1850 година се забележиле промени кај народот во земјата и тоа од луѓе кои главно го фаворизирале ропството, до далеку посериозна опозиција кон институцијата ропство, создавајќи ги Радикалните Републиканци и аболиционистот (противникот на ропството) Тадеј Стивенс. Додека партијата на Виг слабеела и се појавила Републиканската партија, Вермонт цврсто настојувал на поддршка на неговите кандидати. Во 1860 година Вермонт гласал за претседателот Абрахам Линколн, давајќи му најголем удел во победата од било која друга држава.[77] За време на Американската граѓанска војна, Вермонт испратил 33.288 војници во служба на Соединетите Американски Држави, од кои 5.224 (повеќе од 15%) загинале.[78] Најсеверната копнена акција на војната била нападот на Св. Албанс - грабежот на три банки на Сент Албанс, извршен во октомври 1864 година од агенти на Конфедерацијата. Поседот ги гонел напаѓачите на Конфедерацијата во Канада и заробил неколку, пред да мора да им ги предаде на канадските власти. Канада ги надоместила банките, ги ослободила а подоцна повторно уапсила некои од сторителите.[79][80] Повоен периодДемографски промениПочнувајќи од средината на 19 век, индустриите во Вермонт привлекле бројни ирски, шкотски и италијански имигранти, додавајќи им на своите жители со претежно англиски и некои француски канадски предци. Многу од имигрантите мигрирале во Баре, каде што многумина работеле како каменорезници на гранит, за што постоел национален пазар. Гранитот од Вермонт се користел во големи државни згради низ САД. Во овој период, многу Италијанки и Шкотланѓанки управувале со пансиони за да ги издржуваат своите семејства. Таквите објекти помогнале да се апсорбираат новите жители и ги научиле на новата култура; Европските имигранти го достигнале својот врв помеѓу 1890 и 1900 година. Обично имигрантите живееле со луѓе од нивниот јазик и етничка припадност, но понекогаш и со други..[81] Постепено, новите имигранти се асимилирале во државата. Времињата на тензии предизвикале поделби. Во почетокот на 20 век, некои жители на Вермонт биле вознемирени поради падот на руралните области; луѓето го напуштијле земјоделството за да се преселат во градовите, а другите изгледале неспособни да се вклопат во општеството. Дополнително, постоел бран на имиграција од Французите Канаѓани, а протестантските Англо-Американци стравувале дека ќе бидат претекнати од новите доселеници, кои се надополниле на католичкото население од Ирци и Италијанци. Врз основа на колонијалното минато, некои жители на Јенки сметале дека Француските Канаѓани премногу често се венчале со Индијанци.[82] Во 1970 година, населението на Вермонт изнесувало 444.732. До 1980 година, тоа се зголемило за над 65.000 постигнувајќи бројка од 511.456 жители. Таа промена, зголемување од 15 проценти, било најголемото зголемување на населението на Вермонт од деновите на Револуционерната војна.[83] Во 2002 година, државата Вермонт погрешно известила дека народот Абенаки мигрирал на север во Квебек до крајот на 17 век;[84] Абенаките се државно признати племиња. Во 2016 година, гувернерот на државата го прогласил Денот на Колумбо за Ден на домородните народи[85] Вермонт нема федерално признати племиња.[86] Политички промениВермонт го одобрил правото на глас на жените неколку децении пред да стане дел од националниот устав. На жените првпат им било дозволено да гласаат на изборите на 18 декември 1880 година, кога им било дадено ограничено право на глас. Прво им било дозволено да гласаат на градските избори, а подоцна и на државните законодавни трки. Големи поплави се случиле во почетокот на ноември 1927 година. Во текот на овој инцидент, 84 лица загинале, вклучувајќи го заменик – гувернерот на државата. Во 1938 година ураганот Нова Англија разнел 15.000.000 хектари (61.000 м²) дрва, една третина од вкупната површина под шуми во тоа време во Нова Англија. Многу од постарите дрва во државата се околу 75 години, кои датираат од по ова невреме. Друга поплава се случила во 1973 година, предизвикувајќи смрт на двајца луѓе и и милиони долари маатеријална штета Во 1931 година, Вермонт станал 29-та држава што донела закон за евгеника. Вермонт, како и другите држави, стерилизирал некои пациенти во институции и лица кои ги идентификувале преку анкети како дегенерирани или неподобни. Номинално имало дозвола од пациентите или нивните старатели, но биле документирани злоупотреби. Две третини од стерилизациите биле направени на жени, а мета биле, меѓу другото, сиромашните, невенчани мајки. Постои несогласување за тоа колку стерилизации биле извршени; повеќето биле изавршени помеѓу 1931 и 1941 година, но таквите постапки биле забележани дури во 1970 година.[82] Во 1964 година, одлуката на Врховниот суд на САД во Рејнолдс против Симс барала прераспределба на „еден човек, еден глас“ во сите држави. Открла дека многу државни законодавни тела не се прераспределиле и биле доминирани од руралните интереси, години по развојот на густо населените и индустриски урбани области. Покрај тоа, открил дека многу држави имале Горен дом заснован на географски јурисдикции, како што се окрузите. Ова им давало непропорционална моќ на руралните и слабо населените окрузи.[87] Судот пресудил дека нема основа за таква структура. Големи промени во политичкиот распоред се случиле во Вермонт и другите засегнати држави.[87] Во 21 век, Вермонт се повеќе се дефинирал со својот прогресивизам. Таа станала првата држава која вовела граѓански заедници во 2000 година и првата држава што ги легализирала истополовите бракови во 2009 година, неприсилена со судски оспорување или пресуда.[88] На 22 јануари 2018 година, Вермонт станала првата држава што го легализирала канабисот за рекреативна употреба со законски дејствија и деветтата држава што ја легализирала марихуаната за медицински цели. Овој закон бил потпишан од републиканскиот гувернер Фил Скот.[89] ДемографијаНаселение
Според Бирото за попис на САД, државата Вермонт имала население од 643.085 жители на пописот во САД во 2020 година.[91] Вермонт била една од двете држави со помалку луѓе од округот Колумбија; Вајоминг бил другиот. Центарот на населението на Вермонт е сместен во округот Вашингтон во градот на Ворен.[92] Приливот на домашни мигранти во 1960-тите до 1980-тите донело перспективи поинакви од оние на населението родено дома. Како еден пример, од 1988 година, Вермонт постојано гласал за демократите на националните избори, и покрај тоа што била најрепубликанската држава во нацијата повеќе од 100 години по основањето на партијата во 1850-тите.[93][94] Внатрешната миграција во Вермонт почнала да опаѓа во текот на 2000-тите, а станала емигрантна во текот на 2010-тите. Овој тренд се променил во 2020-тите, со околу 4.500 нови жители кои мигрирале во државата помеѓу 2020 и 2021 година.[95] Округот Читенден забележал најбрз раст на населението, доживувајќи пораст од 7,5% помеѓу 2010 и 2020 година.[96] Во 2018 година, првите земји на потекло на имигрантите во Вермонт биле Канада, Непал, Јамајка, Филипините и Босна и Херцеговина.[97] Раси и етничка припадностПочнувајќи од 2022 година, 94% од жителите на Вермонт се идентификуваат како расно бели, а 92,2% од сите жители се бели луѓе без шпанско потекло,[98] што ја прави една од најмалку разновидните држави во САД, освен Мејн. Кога се вклучени Французите Канаѓани, Французите ја сочинувале најголемата и етничка група, со 20% од населението на Вермонт се идентификуваат како такви, а Ирците и Англичаните исто така сочинуваат голем дел од населението.
Витална статистикаВкупно 5.384 бебиња биле родени во 2021 година, што претставува зголемување од 4,89% во однос на 2020 година. Од тие раѓања, 90,3% биле бели нехиспанци. Стапката на фертилитет била 1.371, што е благ пораст од 2020 година.
РелигијаСпоред Истражувачкиот центар Пју во 2014 година, 37% пријавиле дека немаат религија, што е највисока стапка на нерелигиозност од сите држави во САД.[107] Истражувачкиот центар Пју, исто така, утврдил дека најголемата религија е христијанството;[108] католиците сочинувале 22% од населението, а протестантите 30%. За разлика од јужните американски трендови, мнозинството протестанти се главно методисти. Обединетата методистичка црква била најголемата главна протестантска деноминација во Вермонт, проследена со Американските баптистички цркви во САД и Обединетата Христова црква. Евангелистичките протестанти доминирале независни баптистички цркви. Главните нехристијански религии биле јудаизмот, исламот, будизмот, хиндуизмот и другите вери. Најголемата нехристијанска религиозна група надвор од нерелигијата биле унитаристите. Се проценува дека 3,1% од нерелигиозните биле атеисти.[108] Со објавувањето на студијата на Институтот за истражување на јавната религија во 2020 година, христијанството се раширило меѓу протестантството, католицизмот и неглавнолиниските христијани, вклучувајќи го мормонизмот и Јеховините сведоци, биле приближно 64% од возрасната популација.[109] Според Институтот за истражување на јавната религија, се проценува дека религиозно неповрзаните се околу 30% од вкупното возрасно население. Почнувајќи од 2022 година според Институтот за истражување на јавната религија, Вермонт станал плурално нерелигиозен и постојано се рангира како една од најсекуларните држави во САД.[109][110] Студијата од 2022 година проценува дека 48% од населението биле религиозно неповрзани, додека 45% биле целосно христијани (католици, протестанти, мормони и Јеховини сведоци). Здружението на архиви со податоци за религија известило дека во 2020 година, религиозно поврзаното население било главно христијанско. Единствените најголеми христијански деноминации биле следните: Католичката црква (124.208); Обединета Христова црква (11.882); и Обединетата методистичка црква (9.652). Неконфесионалните протестанти броеле 29.830.[111] Меѓу најголемите христијански деноминации според оваа студија, католиците имаа стапка на приврзаност од 208,70 на 1.000 луѓе; Обединетата Христова Црква 18,48 на 1.000 луѓе; и обединети методисти 15,01 на 1.000 луѓе[112] Табелите за членство на ARDA за 2020 година ја одразуваат студијата на Истражувачкиот центар Пју од 2014 година, каде што 21% од населението посетува верски служби неделно, 32% еднаш или двапати месечно и 47% ретко/никогаш.[107] Во една истражувачка статија од 2018 година на Националната христијанска фондација, христијаните што не одат цркова низ целата земја не присуствувале на религиозни служби често преку практикување на верата на други начини, не наоѓајќи куќа за богослужба што им се допаѓа, не им се допаѓаат проповедите и се чувствуваат недобредојдени и поради логистика.[113] СтопанствоВо 2007 година, Вермонт бил рангиран од магазинот Форбекс како 32-ри помеѓу државите со поволна клима за биснис. Бил 30-ти претходната година. Во 2008 година, Економист изјавил дека државата има „навистина стагнација во економијата, што е она што ние го предвидуваме во наредните 30 години за Вермонт” мај 2010 година, невработеноста од 6,2% била четвртата најниска стапка во државата. Оваа стапка го рефлектира второто најниско опаѓање помеѓу 50 држави од претходниот мај. Во 2021 година, Вермонт имал вкупно вработеност од 239.758, а вкупните претпријатија работодавачи биле 20.696[114]. Од 2022 година, бруто регионалниот домашен производ (БПРП) на Вермонт изнесувал 40,6 милијарди долари, што ја прави најмал меѓу американските држави. Нејзиниот БДП по глава на жител бил 63.206 долари, рангирајќи го на 21-то место меѓу државите..[115] Во 2008 година, компонентите на БДП биле:</ref>[116]
Од 2019 година, Канада била најголемиот надворешно-трговски партнер на Вермонт, по што следел Тајван. Квебек добил 75% од извозот на државата во Канада.[117] Во 2022 година, 7.457 нови бизниси биле регистрирани во Вермонт.[118] Продажбата на мало достигнала 10,8 милијарди долари во 2017 година, според податоците на Бирото за попис на САД.[115] ДаноциВо 2021 година, државата имала просечен приход на домаќинството од 67.674 американски долари, со приближно 10,3% од населението на или под линијата на сиромаштија. Просечната плата во државата била 22,75 долари на час или 47.320 долари годишно во 2022 година..[119] Во 2007 година, околу 80% од 68.000 жители на Вермонт кои се квалификувалеза бонови за храна ги добиле[120] 40% од луѓето постари од 75 години или повеќе живеат со годишен приход од 21.660 долари или помалку[121]. Во 2011 година, 15,2% од жителите на Вермонт добиле бонови за храна. Ова се споредува со 14,8% на национално ниво[122] Во 2011 година, 91.000 постари лица добивале просечно годишно по 14.000 долари од социјалното осигурување. Ова беше 59% од просечниот приход на постарите лица. Ова придонесе 1,7 милијарди долари за економијата на државата.[123] ЗемјоделствоПочнувајќи од 2022 година, земјоделството, заедно со шумарството и другата животинска индустрија, учествувало со 0,45% од бруто домашниот производ на државата.[124] Од мај 2022 година, околу 0,16% од работоспособното население во државата било ангажирано во земјоделски работни места.[125] Во текот на изминатите два века, сечењето отпаднало како резултат напрекумерното сечење и експлоатација на другите шуми ја направило шумата на Вермонт помалку привлечна. Падот на фармите резултирал со повторен пораст на шумите во Вермонт. Денес, повеќето од шумите на Вермонт се секундарни. Државните и непрофитни организации активно поттикнуваат повторен раст и внимателно управување со шумите. Над 78 отсто од површината на државата е пошумена. Повеќе од 85 отсто од таа област не е индустриски и е со приватна шумска сопственост од страна на поединци или семејства. МлекарствоЗемјоделството, работата со млечни производи и примарен извор на земјоделскиот приход. Во последната половина на 20 век, развивачите имале планови да изградат куќи на отворено земјиште што биле многу евтино. Владата на Вермонт одговорила со серија на закони контролирајќи го развојот и со некои пионерски иницијативи да се спречи загубата на млечната индустрија во Вермонт. Сепак, бројот на краварски фарми во Вермонт се намалил повеќе од 85% од 11,206 кои работеле во 1947. Во 2003 година имало помалку од 1.500 краварски фарми во државата[126][127]; во 2006 година имало 1,138; во 2007 година имало 1.087. Бројот на краварски фарми се налува за 10% секоја година.[128] Во 2021 година, 28,5% (162) од државните фарми за млеко биле сертифицирани за органски производи.[126] Бројот на добитокот ово Вермонт опаднал за 40%, сепак производството на млеко е двојно во истиот период и се должи на тројното производство на кравјо млеко.[129] Додека производството на млеко се зголемувало, се намалил уделот на Вермонт на пазарот. Во групата на држави кои ги снабдуваат маркетите на Бостон и Њујорк,[130] Вермонт бил трет во уделот на пазарот со 10,6%; Њујорк има 44,9 % и Пенсилванија има 32,9%.[131] Во 2007 година сточарите направиле рекорд 23.60$ за 45кг млеко. Во 2008 година оваа продажба паднала на 17$.[132] Просечна краварска фарма произведувала 0.585 милиони килограми млекогодишно во текот на 2008 година.[133] Млекарниците остануваат иконска слика за Вермонт, но со 87% намалување на активните краварски фарми помеѓу 1947 и 2003, зачувувањето на млечните плевни значително станало зависно од обврската да се одржува наследството отколку како основна потреба на земјоделското стопанство. Пописот во Вемонт за штали, организиран како резултат на соработка на образовни и непрофитни државни и локални историски програми за зачувување, развиле образовни и административни системи за евидентирање на бројот, состојбата и одликите на плевните во Вермонт.[134] Значителна количина на млеко се испорачува на пазарите во Бостон. Затоа „Општо здравје“ од Масачусетс потврдува дека фармите на Вермонт ги задоволуваат санитарните стандарди нан Масачусетс. Без овое уверение, земјоделецот не може да продава млеко за дистрибуција во најголемиот дел на пазарот.[135] ШумарствоШумарството отсекогаш било главен елемент за економијата, сочинувајки 1% од вкупното бруто државно производство и 9% од вкупното производство заклучно со 2013 година[136] ОстанатоОд 2022 година, Вермонт бил водечки производител на јаворов сируп во САД со 2.550.000 американски галони (9.700.000 L), што претставува 50,7% од вкупното производство на нацијата.[137] Во 2021 година, неговата производствена вредност изнесувала 56,0 милиони американски долари на 32,00 долари/галон.[138] Имаше околу 2.000 производители на производи од јавор во 2010 година.[139] Винската индустрија во Вермонт започнала во 1985 година. Од 2007 година, имло 14 винарии.[140] Од 2020 година, одгледувањето на јаболка е трет најголем придонесувач во земјоделската економија на државата, по млечните производи и јаворов сируп. Овоштарниците во Вермонт првенствено одгледуваат јаболка Мекинтош, а индустријата бележи постојан пад бидејќи преференциите на потрошувачите се префрлиле на поновите сорти на јаболка. Бројот на хектари наменети за одгледување на јаболка се намалил од приближно 3.700 во 1997 година на само 1.700 во 2017 година, а многу од овоштарниците денес се фокусираат на одгледување јаболка за производство на јаболковина и обезбедување на овоштарници „Избери ги сопствените“ за да се привлечат на државниот агротуристички пазар.[141] Во 1999 година, јаболката и питата со јаболка биле именувани за официјална државна овошна и државна пита, соодветно.[142] Околу 23% од фармите за зеленчук во Вермонт се органски. ПроизводствоОд 2015 година, GlobalFoundries бил најголемиот приватен работодавач во државата и им обезбедил работа на 3.000 вработени во својата фабрика во селото Есекс Џанкш во округот Читенден.[143] Важен и растечки дел од економијата на Вермонт е производството и продажбата на производи кои биле заштитен знак – бренд на Вермонт. Вермонт иградил свој бренд на производи кој државата го управувала и заштитувала. Примери на специјалниизвози на Вермонт производи ги вклучуваат: Кабот сирењеto, компанијата од Вермонт - Мечето Теди, Фини Бои на Европа, путерот од Вермонт и компанијата за сирење, неколку мали ппивници, Бартон даските за снег, чоколади - Езерото Чамплин, брашното – Кралот Артур и сладоледот Бен и Џери. Во 2010 година, една студија на Универзитетот во Конектикат објавила дека Вермонт, Род Ајленд и Њу Хемпшир се врзани како најскапите држави во САД за производителите.[144] ЕнергијаВермонт нема резерви на фосилни горива, но неговата индустрија за шумски производи обезбедува гориво за производство на електрична енергија и за греење на домовите. Потрошувачката на електрична енергија по глава на жител ја рангира меѓу најниските 20% од државите, а вкупната потрошувачка на електрична енергија била најниска во САД. Вермонт трошел три пати повеќе електрична енергија отколку што произведувал во државата во 2019 година, а најголемиот дел од електричната енергија го увезувала од Канада. Уделот на Вермонт од 99,9% во производството на електрична енергија од обновливи извори бил највисок меѓу сите 50 држави.[145] ЗдравствоСе очекува сè постарото население да ја зголеми побарувачката за услуги и здравствена заштита поврзани со стареењето. Медицинскиот центар на Универзитетот во Вермонт, со повеќе од 8.800 вработени, е најголемиот работодавач во државата.[146] Во 2010 година, сите болници во Вермонт им наплатиле на пациентите 3,76 милијарди долари и собрале 2 милијарди долари..[147] Во Медикер се запишани 92.000 луѓе. Во 2011 година, Медикер потрошил 740 милиони долари за здравствена заштита во државата. ДомувањеВо 2007, Вермонт била 17-та држава по ред во нацијата која дозволувала хипотека. Сепак во останатите 41 држави, жителите придонеле со плус или минус 4% од 18,4% на Вермонт на приходот на домаќинството на хипотека. Цените за домување не се зголемиле многу во текот на раните 2000-ти години. Како резултат на тоа, колапсот во вредноста на недвижнините не бил опасен. Додека запленувањето се зголемило значително во 2007 година, државата застанала 50 –та во однос на стекнувањето на право за домаќинства. Додека продажбата на домовите опаднала годишно 2004-2008 година, цените продолжиле да растат. Во 2007 година, Вермонт бил најдобар во земјата за изградба на нови енергетски ефикасни домови како што било проценето од страна на агенцијата за заштита на околината на САД под програмата Енергетска Ѕвезда. Меѓутоа, околу 60% од домовите на Вермонт биле загревани со нафта во 2008 година. Во август 2008 година, трошоците во Вермонт на различни извори на греење за 1 милион BTU биле во опсегот од $14,39 за дрво па до $43,50 за керозин. Додека бројот на продаддени куќи во државата опаднал од 8,318 во 2004 година на 8,120 во 2005 година, 6.919 во 2006 година и 5.820 о 2007 година, просечната цена продолжила да расте до $202.500 во 2008 година ($200.000 во 2007). Во 2009 година просечната ќирија за двособен стан била 920$ месечно. Изнајмувањето на слободен простор било со 5,4%, што било најниско во државата февруари 800 луѓе се сметале за бездомници во јануари 2010, 22% повеќе од 2008 година. Во 2011 година, Вермонт бил петти помеѓу државите со најголем број на запленувања за кои требало судска обработка, која би земала проценети 18 години. Националниот просек бил 8 години. Трудова состојбаВо 2009 година, државата достигнала максимум од 361.290 работници.[148] Почнувајќи од 2006 година, во Вермонт имало 305.000 работници. 11% од нив биле организирани синдикално[149][150]. Надвор од работната сила од 299,200 работници, 52.000 работни места биле во владата, федералните, државните и локалните места[151]. Современата висока стапка на невработеност од 9% била достигната во јуни 1976 година. Ниско ниво од 2,4% било измерено во февруари 2000[152]. Од септември 2019 година, стапката на невработеност била 2,2%.[153] Вработувањето пораснало за 7,5% од 2000 до 2006 година. Од 1980 до 2000 година, вработувањето се зголемило за 3,4%; на нациоално ниво до 4,6%. Реалните плати биле $33,385 во 2006 година и останале така до 2006 година; на национално ниво $36,871.[154] ОсигурувањеЗаробеното осигурување игра значителна улога во економијата на Вермонт. Со овој вид на алтернативно осигурување, големите корпорации или индустриски асоцијации формираат самостојни осигурителни компании за да ги осигураат нивните сопствени ризици, а со тоа значително намалување на нивните премии за осигурување и добивање на значајна мерка на контрола над типовите ризици кои ќе бидат покриени. Исто така постојат значителни даночни предности кои може да се дпбијат од формирањето и функционирањето на тарифните осигурителни компании. Според информациите од институтот за осигурување, Вермонт во 2009 година бил трет по големина живеалиште во светот на тарифни осигурителни компании, по Бермудските и Кајманските острови. Во 2009 година имало 560 такви компании. Во 2010 година, државата имала 900 такви компании.[155] Вермонт во уметноста и во популарната култура
Забелешки
Наводи
БиблиографијаИзвори
Надворешни врски
Влада
Геологија
Карти и демографија
ТуризамБизнисКултура и историја
|
Portal di Ensiklopedia Dunia