Список на земјите по БДП (ПКМ) по глава на жител![]()
Страницава е список на земјите во светот според нивниот бруто-домашен производ или БДП при паритетот на куповна моќ (ПКМ) за вредноста на сите конечни стоки и услуги произведени во земјата во дадена година, поделени со просечното (или средногодишно) население од истата година. Според податоци од 2019 г. проценетиот просечен БДП (ПКМ) по глава на жител за сите земји во светот во целина изнесува 18.381 долар. Начин на пресметкаИзносите за бруто-домашниот производ (БДП) по глава на жител на страницава се добиени од пресметките на ПКМ. Овие пресметки ги изготвуваат разни организации како Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Бидејќи ова подразбира проценки и претпоставки, бројките на различните организации не се неприкосновени знаат значително да се разликуваат. Поради тоа, информациите треба да се земат со доза на претпазливост. Споредбите на богатството на државите честопати се прави на основа на номинален БДП и заштеда (не само приходите), што не ги одразува трошоците за живот во разните земји; оттука, поаѓајќи од ПКМ се добива покорисна слика при споредбата на воопштени разлики во животниот стандард помеѓу државите, бидејќи ПКМ ги зема предвид релативните трошоци на живеење и стапките на инфлација во земјите, наместо само девизен курс, кој ја пореметува сликата за вистинските приходни разлики. Така, овој начин се смета за најдобар показател за стандардот на живеење,[1][2] иако и ова може да биде проблематично бидејќи БДП по глава на жител не е мерило за личниот доход на граѓанинот. Список на земји и зависни територииСите износи се изразени во тековниот меѓународен долар (Int$) и заокружени на цел број. На списокот се вбројани и неколку стопанства кои не се сметаат за суверени држави (како разните зависни територии) бидејќи стојат во изворите. Овие несуверени сушности, поранешни земји и други посебни групи се прикажани закосено. Наведени се по доларски редослед, но немаат бројчено редно место (ранг).
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia