Манастир „Рождество на Пресвета Богородица“ - Рахово (Берско)
Рождество на Пресвета Богородица (грчки: Ιερά Μονή Θεοτόκου Καλλίπετρας) — манастир кај селото Рахово, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2][3] ГеографијаМанастирот се наоѓа во долината на реката Бистрица, недалеку од селото Рахово. Наречен е и Калипетренски манастир според ридот Калипетра (тур. Џамала) на кој е сместен.[1] ИсторијаМанастирот е еден од најстарите во регионот. Тоочната година на основање е непозната. Неговото постоење се споменува во документ од 1100 г. Во XVIII век доживеал расцут. За време на Негушкото востание во 1822 г. манастирот е уништен од Османлиите, а монасите биле убиени. Подоцна е возобновен. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија бил база на андартите, па затоа во 1907 г. поранешниот игумен Ставри и игуменот Игнатиј се убиени. Во 1941 г. манастирот повторно изгорел, овојпат заради негрижа на овчар. Подоцна е обновен.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia