Манастир „Св. Јован Претеча“ - Дервент
Свети Јован Претеча (грчки: Ιερό Ησυχαστήριο Τιμίου Προδρόμου Ακριτοχωρίου) — женски манастир кај селото Дервент, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.[1][2] Манастирот се наоѓа на околу 1 км северозападно од Дервент и 24 км од Валовишта. Нуди убава глетка на Бутковското Езеро и планината Беласица. Изграден е во 1981 г. и претставува еден од најважните женски манастири во државата, под духовно раководство на светогорскиот манастир Ксенофонт. Во манастирот се чуваат мошти на Свети Јован Претеча, Апостол Јаков Праведниот (Братот Христов) и Света Ана. Во 2012 г. новата манастирска црква е осветена од патријархот Вартоломеј I. Храмот зафаќа површина од 500 м2 претставува точна копија на старата црква на манастирот Ксенофонт — светогорски крстокуполен храм од X век. Изграден е наполно од традиционални материјали — камен, мермер и тули. Сестринството се занимава со иконопис и минијатура, како и со земјоделство.[1] Западната фасада на црквата е изградена за да изгледа истоветно на катедралата „Св. Софија“ во Охрид. ПоврзаноНаводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia