Манастир „Св. Троица“ - Хаџи Маала
Света Троица (грчки: Ιερά Μονή Αγίας Τριάδας) — машки манастир кај селото Хаџи Маала, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Манастирот се наоѓа на 1 км североисточно од селото, во југоисточните пазуви на Богданска Планина. Во 1969 г. на местото е основан параклис посветен на Свети Нектариј. Во 1972 г. е удрен камен-темелникот на црквата „Св. Троица“ од митрополитот Спиридон Лагадински. Храмот е осветен на 5 ноември 1994 г. од истиот владика. На 1 јули 1999 г. патријархот Вартоломеј I го отворил новото крило на манастирот, каде работи Балкански студентски центар. Вартоломей исто така го поставил камен-темелникот на црквата „Св, Јован Претеча“. На 11 мај 2011 г. митрополитот Јован Лагадински во манастирот ја отворил Академијата за богословски и филозофски истражувања „Св. Кирил и Методиј“. Во манастирот има копија на чудотворната икона на Пресвета Богородица Казанска.[1] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia