Богданска Планина
Богданска Планина (турски: Beşikdağ, Бешикдаг) — планина во Солунскиот округ од централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Се состои од три јасно оформени масива — западен, источен и јужен, кои во денешна Грција се сметаат за три посебни планини - Вертискос (Βερτίσκος), Кердилио или Кердилия (Κερδύλιο, Κερδύλλια) и Ори Волвис (Ορη Βόλβης). Источниот масив го носи изворното македонско име Сухо. На него се наоѓа највисокиот врв на планината, наречен Хрвата (1.103 м) и висорамнината Равна, од која извираат притоките на реката Богдана — Длабока Река, Бигленска Река, Болубрадска Река и Стара Река.[1] Планината се протега во правец запад-исток. На запад реката Богдана (или Богданска Река) ја дели од планината Круша (Крусија Ори), а на исток се спушта во Струмскиот Залив. Од северна страна е сместено гратчето Нигрита, од јужна е Лагадинското Поле со градот Лагадина (Лангадас), езерата Лагадинското и Бешичкото и реката Рендина, а на источното подножје на планината е одморалишното гратче Аспровалта. Населени местаНа и околу Богданска Планина се сместени општинските единици Лахна, Богданска Планина (Вертискос) и Сухо (Сохос) со големите села Негован (Ксилополи), Зарово (Никополи), Висока (Оса) и Сухо (Сохос), кои до почетокот на XX век имале македонско население. Поранешни езераВо котлината меѓу трите масива на планината некогаш се наоѓале Мавровското и Ланџанското Езеро, кои денес се пресушени. Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia