Манастир (Демир Капија)
Манастир — археолошко наоѓалиште во градот Демир Капија. Претставува населба од праисториското до доцноантичкото време, старохристијанска и средновековна некропола. Претставува пресечен рид од десната страна на реката Вардар, пред самиот влез во клисурата. Зарамнувањето на ридот е извршено во 1938 година, при трасирањето на патот. Со археолошките ископувања од 1948 до 1954 година се откриени многу бројни остатоци од различна временска и културна припадност, и тоа од праисторијата до средниот век. Откриени се старохристијански гробни структури и остатоци од градби. Во ѕиданите гробници, над главата на покојникот имало насликани крстови. Подоцна, со истражувањата на археологот Виктор Лилчиќ е утврдено дека се работи за старохристијанска три корабна базилика со нартекс, односно за гробишна базилика изградена на доцноантичка некропола, во една ареа мартиум каде што биле концентрирани гробови на христијани.[1] Поврзано
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia