Манастир (Соколарци)

Манастир

Воздушен поглед на црквата „Св. Ѓорѓи“ на врвот од возвишението

Карта

Местоположба 41°54′40″N 22°16′21″E / 41.91111°N 22.27250°E / 41.91111; 22.27250
Основни податоци
Место Соколарци
Општина Чешиново-Облешево
Тип

 градиште  црква  некропола

Период доцноантичко време
старохристијанско време
Портал „Археологија“

Манастирархеолошко наоѓалиште во кочанското село Соколарци. Претставува градиште од доцноантичко време, старохристијанска црква и некропола.[1]

Местоположба

На 2 км северно од селото Соколарци се издига висок рид што доминира над околината и на кој е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“.

Особеност

На врвот на ридот, под црквата има зарамнет простор со димензии од 200 × 100 м, ограден со бедем од кој се зачувани темелите. Се гледаат остатоци и од темели на помали објекти. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди, а пронајдени се и монети. Исто така се наоѓаат и остатоци од старохристијанска црква, а околу неа некропола.

Поврзано

Наводи

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 181. ISBN 9989649286.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya