Мане Тодороски

Мане Митов Тодороски ( 1922 во Јагол Доленци, Кичевско1945 во Славонска Пожега, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

Потекнувал од селско сиромашно семејство. По занимање бил работник. Веднаш по окупацијата на Македонија, се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Во борбата за конечното ослободување на Македонија и Југославија, се приклучил во редовите на Првата македонска бригада прво како водич, во есента 1944 година, а подоцна во состав на Петнаесеттиот корпус, со кој заминал на Сремскиот фронт каде загинал во борба со германците кај Славонска Пожега во април 1945 година.[1]

Поврзано

Наводи

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 135.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya