Маргерит Јурсенар
Маргерит Јурсенар[1] (Брисел, 8 јуни 1903 - Маун Дезерт, Мејн, 17 декември 1987) — француска писателка, романописец, есеист, драматург, прва жена примена во француската академија (1980). ЖивотописЈурсенар е родена како Маргерит Антоанет Жан Мари Жислен Кленверк де Крајенкур во Брисел, Белгија. Нејзиниот татко, Мишел Кленверк де Крајенкур, бил припадник на француската буржоазија, а мајка ѝ, Фернанд де Картие де Маршиен, била белгиска аристократка. Таа починала 10 дена по раѓањето на Маргерит., која пораснала во домот на нејзината баба по таткова страна. Во 1939, десет години по смртта на татко ѝ, Јурсенар (која била лезбијка) останала без пари и заминала во Њујорк кај Грејс Фрик.[2] Тие за првпат се сретнале во 1937 година, во Париз и тогаш станале љубовнички, а Јурсенар живеела со Грејс сè до својата смрт од рак во 1979 година. ТворештвоВо 1929 година, Јурсенар го објавила својот прв роман „Алексис или Залудната борба“ (француски: Alexis ou le Traité du vain combat), инспириран од Андре Жид.[3] Во 1937 година, за само 10 месеци, таа го превела делото „Бранови“ на Вирџинија Вулф. Во 1939 година ја објавила новелата „Удар на милоста“. Својот најпознат роман „Мемоарите на Адријан“ којшто со паузи го пишувала десет години, го објавила во 1951 година, во Франција. Романот веднаш доживеал голем успех и бил прифатен од страна на критиката. Во него, Јурсенар го опишува животот и смртта на еден од најголемите владетели на античкиот свет, римскиот цар Адријан, кој му пишува долго писмо на младиот Марко Аврелиј. Во 1971 година, издавачката куќа Галимар ги објавила драмите на Јурсенар во два тома. Јурсенар се занимавала и со преведувачка дејност при што на француски јазик ги преведувала делата на Вирџинија Вулф, Хенри Џејмс Константин Кавафи, грчка поезија (La Courrone et la Lyre, 1979) и јапонска литература.[4] БиблиографијаЈурсенар пишувала поезија, прозни дела, есеи. Најзини најзначајни дела се:[4]
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia