Марија Шољакова
Марија Шољакова (р. 30 јануари 1947 во Скопје) — македонски анестезиолог и универзитетска професорка на Медицинскиот факултет во Скопје.[1] ЖивотописДипломирала во 1970 година на Медицинскиот факултет во Скопје, а специјализирала анестезиологија во Скопје во периодот 1972-1975 и во Лондон во периодот 1982-1983. Работела на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). Била нејзина директорка во периодот 1995-2001. Придонела во докажувањето на метаболниот одговор на анестезија, ги вовела методите на епидурална апликација на опиоди (1989) и комбинирани анаестезиолошки техники (1992). Во периодот 1998-2004 била продекан на Медицинскиот факултет. Публикувала 138 научни трудови и е автор и главен уредник на шест учебници од областа на анестезиологијата. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia