Маркова кула (Кавадарци)
Марковата кула, позната и како Турска кула - кула во градот Кавадарци. Кулата е наведена како културно наследство на Македонија.[1] ГрадбаКулата е градена од камен и малтер. Нејзините ѕидови достигаат дебелина од еден метар. По својата форма, таа е четвртеста и достигнува височина од околу 20 метри. Кулата е на пет ката. Првиот и вториот кат се без прозорци, а на четвртиот и петтиот кат се по три прозорци со железни решетки. На јужниот ѕид од четвртиот кат поставен е отвор за одбрана, а на петтиот постои отвор што служел за одвод на нечиста вода. Единствената врата е на вториот кат и пристапот до неа бил направен со камени скали. Согласно до 2018 година, поради негрижа, покривот и внатрешната дрвени скалила со текот на времето се оштетиле и денес веќе ги нема.[2] Историја![]() Историски е познато дека првите градски куќи во Кавадарци почнале да се градат околу Марковата кула[3], кон крајот на XVIII век. Постои поделено мислење околу изградбата и адаптирањето на кулата, но таа веројатно е подигната периодот на втората половина на 17 век[1] до XVIII век. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia