Црква „Св. Богородица“ - Дреново
Света Богородица — главна селска црква во тиквешкото Дреново, Македонија.[1] Храмот се смета за драгоцен споменик на архитектурата од првата половина на XIV век и во минатото го носел името „Св. Димитриј“, што е сѐ уште зачувано на влезната порта. Оваа средновековна црква е прогласена за културно наследство на Македонија.[2] МестоположбаХрамот се наоѓа во јужниот дел на селото Дреново. ИсторијаВо минатото го носел името „Св. Димитрија“. Според едно старо предание, изграден е истовремено со црквата на Полошкиот манастир од двајца браќа.[3] Оваа црква е варојатно е истата, спомната во првата грамота на Јован и Константин Драгаш, веројатно од 1374 година, која Константин ја одзел од неговите властелини Јаковец и Драгослав и ја подарил на манастирот „Св. Пантелејмон“ на Света Гора.[4] Живописана е во 1356 г. од зографот Димитар.[5] Истражувачот Војислав Радовановиќ има запишано дека над јужниот влез имало натпис „За цара Душана подигнута, а годину по смрти му (1356) живописана“.[6] Прашањата во врска со времето на подигање, архитектонскиот тип и живописот сè уште се нерешени. Причина за тоа е нејзината долготрајна запуштеност во текот на османлискиот период. По нејзиното рушење во текот на отоманскиот период, црквата била обновена од Милан Саздовски со помош на христијаните од Дреново на почетокот на XIX век. Тогаш, постоела само јужниот и источниот ѕид. Била покриена со плочи од Попадија. Кога била повторно подигната, црквата повторно била осветена.[6] При оваа обнова, дреновчани носеле материјал и од руините на Градиште, на десната страна од Дреновската Клисура, како што се столбови и капители од мермер.[6] АрхитектураВо денешен облик таа е бескуполна трикорабна базилика со калкански покрив, без остатоци од фрескопис, но според мислењето на Димче Коцо таа првобитно била мешавина од куполна трикорабна базилика и крстовидна црква од стеснет тип, со купола над наосот и нартексот и со засводени странични кораби. Му припаѓала на истиот архтектонски тип како „Св. Софија“ во Солун, со таа разлика што кај оваа црква крстовиден облик имал не само средишниот, туку и западниот дел. Куполата над нартексот била со иста големина како средишната, но не е докажано дали имала барабан. При изградбата на црквата употребени се антички столбови со бази под кои има плочи со старогрчки натписи. Се смета дека тие се донесени од древната базилика на блиското наоѓалиште Картозов Рид,[7] иако порано се претпоставувало дека биле од Стоби.[8] Од старата црква зачувани се јужната и источната страна со трите апсиди. Јужната фасада е расчленета со два хоризонтални реда од слепи аркади во чиишто полиња во горниот појас се сместени мали вертикални прозорци. Вертикалноста е изразена и во пиластрите кои ја разделуваат јужната фасада и во високите апсиди. Околу прозорците на источната фасада има украсување од тули кое хоризонтално ги сврзува во меандри.[8] Се смета дека црквата го добила денешниот изглед со обнова извршена на почетокот на XIX век. Со тие поправки биле опфатени северниот и западниот ѕид на црквата, таванот на галеријата и средниот столб во нартексот.[8] ФрескоживописВо внатрешноста на црквата нема никакви остатоци од фрескописот на зографот Димитар спомнат во натписот над тесната влезна врата. Може да се работи за истиот Димитар кој го зографисал западниот дел на црквата во Зрзескиот манастир, чиј потпис е откриен при чистење на фреските во 1936 и 1964 година.[8] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia