Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Дабниште
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во кавадаречкото село Дабниште.[1][2] Таа се наоѓа во самото село, сместена во Средното Маало. Денес, црквата се наоѓа во многу лоша состојба.[3] ИсторијаПодигната и живописана е во XIII век година. Имала облик на еднокорабна градба. Од првобитната црква сочувани се остатоци од керамопластичните украси на источната и на јужната фасада.[2] АрхитектураЦрквата има облик на еднокорабна градба.[4] ФрескоживописЦелата црква е живописана. Од стариот живопис сочувани се неколку фрагменти. Дел од фрескоживописот е насликан и во XIX век.[2][4] Од стариот живопис има сочувани фрагментарни остатоци со претставата на Мелисмос над цоклата. Лево и десно има по еден ангел облечени во бели драперии и полунаведнати кон Христа. Во втората зона е насликана Богородица, која со двете раце го гушка Христа, а покрај неа се претставени „Св. Кузман и Дамјан“ од зограф кој ги насликал во XIX век. Северно од влезот во црквата е вградена античка плоча со претстава во релјеф на три човечки фигури.[4] На иконостасот има царски двери изработени во резба од непознат копаничар.[4] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia