Мартија Станојковиќ
Мартија Станојковиќ (р. 7 април 2004 во Куманово) — македонска пејачка. Во текот на 2015 и 2016 година учествувала во регионалното музичко талент шоу „Пинкови ѕвездички“ каде го освоила второто место. Во јули 2016 била избрана да ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 со песната „Love will lead our way“ која излегла во октомври 2016. Мартија го освоила 12-тото место во конкуренција на 17 натпреварувачи. Биографија и кариераПочетоциМартија е родена на 7 април 2004 во Куманово, Македонија.[1] Таа започнала да го развива нејзиниот музички талент кога имала само 5 години, приклучувајќи се на денс студиото "Ултра". На 7 годишна возраст ја снимила својата прва песна „Пејачка ќе станам“ со која настапила на кумановскиот детски фестивал „Детелинка“.[1] Пинкови ѕвездичкиВо септември 2015 го започнала своето учество во регионалното музичко натпреварување „Пинкови ѕвездички“ кое се одржувало во Белград, Србија во организација на Телевизија Пинк, каде постигнала голем успех.[2] Во текот на десетте месеци колку што траело шоуто била еден од протагонистите и со својот неверојатен глас, шарм и сценски настапи успеала брзо да се наметне и да биде меѓу фаворитите за победа.[2] Во суперфиналето одржано на 3 јули во кое останале само десетте најдобри натпреварувачи, го освоила второто место.[1][3][4]
Детска евровизија![]() На 24 јули 2016 била избрана да ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 во Малта.[5][6] Нејзината песна насловена како "Love will lead our way" била претставена во октомври.[7] На Детскиот избор за песна на Евровизија 2016 одржан на 20 ноември таа го освоила 12-тото место со 41 бод во конкуренција на 17 земји учеснички.[8] Со тој пласман било избегнато последното место за Македонија на натпреварот за првпат од 2012 година. Синглови![]() ![]()
Спотови
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia