Портал:МакедонијаМакедонија · Уметност · Биографија · Географија · Историја · Јазик · Математика · Филозофија · Наука · Општество · Технологија уреди
Македонија![]() Македонија претставува регион во југоисточна Европа, или поточно на Балканскиот Полуостров. Македонија зафаќа површина од 67.741,2 km² и има население од 4,9 милиони жители, од кои 26,56% се етнички Македонци, но точниот број на Македонците не е познат поради несоодветни пописи во Грција и Бугарија. Македонија го зафаќа средишниот дел на Балканскиот полуостров, односно просторот што на север е ограден со планините Шар Планина, Скопска Црна Гора, Козјак, Осогово и Рила, на југ со реката Бистрица и брегот на Егејското Море до утоката на реката Места, на запад со билата на планините Кораб, Јабланица, Грамушта и Пинд, додека пак на исток е оградена со западните падини на планините Родопи. Територијата исто така се совпаѓа со сливот што се простира од (од запад кон исток) реките Бистрица, Вардар и Струма (од кои Вардар наводнува далеку најголема површина) и рамнините околу Солун и Сер. Македонија има карактеристичен релјеф кој во најголем дел е составен од планини кои припаѓаат на старите грамадни планини на родопската група и младите верижни планини на шарската група. На територијата на Македонија се застапени и голем број на котлини особено во средишниот и западниот дел, а има повеќе природни езера како Охридско Езеро, Преспанско Езеро, Дојранско Езеро, Островско Езеро, Петерско Езеро, Костурско Езеро, Лагадинско Езеро, Бешичко Езеро и др. (Дознајте повеќе...) уреди
Античка Македонија (808 п.н.е. - 148 п.н.е.)Првата македонска држава е создадена во 8 век п.н.е. или раниот 7 век п.н.е. под водството на династијата Аргеади. Првиот крал за кој постојат сведоштва е кралот Пердика I. Во времето на кралот Александар I Македонската територија започнала да се проширува кон Еордеја, Беотија, Пиерија, Мигдонија и Алмопија. Во близина на денешниот град Едеса (Воден), Пердика I (или поверојатно неговиот син Аргеј I) ја изградил првата престолнина Ајга. По краток период на персиска власт под водство на кралот Дариј I, државата ја вратила својата независност под водство на кралот Александар I (495 п.н.е.–450 п.н.е.). Аминта III (околу 393 п.н.е.–370 п.н.е.) за прв пат ја централизирал власта во Македонија. Кралот Филип II извршил реформи во државата и вовел постојана платена војска со прочуената македонска фаланга, како основна воена единица, а вовел и коњаница, направи за опсада на градови и фрлање на камења и стрели. Неговите воени способности придонеле Македонија да стане регионална сила. Најпрвин, во 358 п.н.е. го совладал отпорот на локалните племиња и Филип ја проширил својата власт до Охридското Езеро. Во 357 п.н.е. ја зазел aтинската колонија, Амфипол, која управувала со рудниците за злато на планината Пангајон. Александар III, попознат како Александар Македонски или Александар Велики е крал на Македонија (од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.), член на кралската династија Аргеади. Eден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото. По освојувањето на грчките градови-држави под водството на неговиот татко Филип II Македонски, Александар ја покорил моќната Персиска Империја, вклучувајќи ја Анадолија, Сирија, Египет, и Месопотамија, ги проширил границите на Античка Македонија, дури до Авганистан и Индија. Александар спрема освоените култури се однесувал со почит, интегрирајќи не-Македонци во неговата војска и администрација, воден од идејата да создаде светска држава.
уреди
Македонија за време на Римската Империја (148 п.н.е. - 395)![]() Во III и IV век, провинцијата била поделена на Македонија Прима (на југ) и Македонија Салутарис (на север). Македонија Прима и Македонија Салутарис биле вклучени во рамките на Македонската диецеза, една од трите диецези во рамките на Илирикската префектура создадена во 318. Кога Илирикската префектура била поделена на Источен и Западен Илирик во 379, Македонските провинции станале дел од Источен Илирик. По расцепувањето на Римското Царство на Западно и Источно во 395, Македонија станала дел од Византија.
уреди
Македонија за време на Византиското царствоуреди
Самоилово царство (976 - 1018)![]() По битката кај Беласица во 1014 со византиската војска предводена од царот Василиј II, војската на цар Самоил била поразена при што 14.000 војници биле заробени и ослепени. Самоиловото Царство и после оваа битка останало независно сè до 1018 кога повторно потпаѓа под византиска власт. уреди
Македонија за време на Отоманското царствоуреди
Илинденско востание (1903)Илинденското востание е востание на македонскиот народ против Отоманското Царство кренато на 3 Август 1903 година. Најсилен замав востанието имало во Битолскиот револуционерен округ. Турските власти, изненадени од опсегот на востанието, превзеле контраофанзива, на 10 август 20.000 војска, проследена со артилерија и башибозук. Најголеми борби се воделе во околината на Крушево. За време на Илинденското востание е прогласена првата Македонска Република, првата република на Балканот. За претседател на Републиката избран бил Никола Карев. Избрана била и привремена востаничка влада. Една од најзначајните личности од тоа време бил револуционерот Гоце Делчев, лидер на Тајната Македонско - Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), подоцна преименувана во Внатрешно Македонска Револуционерна Организација (ВМРО).
уреди
Македонија за време на балканските војни (1912 - 1913)уреди
Македонија за време на првата светска војна (1914 - 1918)уреди
Македонија помеѓу двете светски војни (1918 - 1940)уреди
Македонија за време на втората светска војна (1939 - 1945)уреди
Демократска Федерална Македонија (1944 - 1946)![]() ![]()
Првото заседание на АСНОМ формира свој Президиум, кој всушност претставува прва македонска влада. Покрај претседател, Президиумот имал двајца потпретседатели, двајца секретари и 17 члена. За претседател е избран Методија Андонов - Ченто. Излегува првиот број на весникот „Нова Македонија“. Донесена одлука за основање на Школата за народни учители. Формирана е Народната библиотека „Климент Охридски“. Формирана е Македонската филхармонија. Божиќните настани на Скопското Кале: одредени единици одбиваат да заминат на Сремскиот фронт и наместо тоа сакаат да се оди на Солун. Формиран е Македонскиот народен театар. Се одржува Првиот црковно-народен собор за обновување на Македонската православна црква. Формирана е првата македонска влада. Донесено е решение за утврдување на македонската азбука. Од печат излегува првиот македонски буквар. На 8 март 1946 г. Президиумот на Народното Собрание донесува закон со кој дотогашното име Демократска Федерална Македонија се менува во Народна Република Македонија. уреди
Народна Република Македонија (1946 - 1963)![]() уреди
Социјалистичка Република Македонија (1963 - 1991)![]()
уреди
Република Македонија (1991 - )![]() Повеќе информации на порталот за Република Македонија. уреди
Личности
уреди
Категорииуреди
галерија на слики |
Portal di Ensiklopedia Dunia