Масар Омерагиќ

Масар Омерагиќ
6-ти Претседател на ФФМ
На должноста
2024 – во функција
Претходник Мухамед Сејдини
Наследник -
Лични податоци
Роден(а) Масар Омерагиќ
11 јуни 1969(1969-06-11)(56 г.)
Скопје, Македонија
Занимање фудбалер
тренер
фудбалски администратор

Association football career
Возрасна кариера*
Години Екипа Наст. (Гол.)
- Слога Југомагнат - (-)
- Балкан - (-)
- Вардар - (-)
*Клупски домашни лигашки настапи и голови

Масар Омерагиќ (роден на 16 ноември 1969 година во Скопје) — моментален претседател на Фудбалска федерација на Македонија (ФФМ), македонски стопанственик и поранешен фудбалер и фудбалски функционер. Од декември 2024 година е претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Фудбалска кариера

Во текот на својата активна фудбалска кариера, Масар Омерагиќ настапувал за неколку македонски клубови. Бил дел од првата шампионска генерација на ФК Слога Југомагнат, а во фудбалската кариера настапувал и за ФК Балкан во единствената Југословенска лига, потоа Силекс од Кратово и Вардар од Скопје, најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија.

Фудбалска администрација

По завршувањето на фудбалската кариера, Масар Омерагиќ продолжил со ангажман во фудбалските институции. Од 2000 до 2002 година бил член на Меѓународната комисија при ФФМ, а во највисокото тело на ФФМ, Управниот одбор, бил член од 2002 до 2006 година. Во тој период ја извршувал функцијата директор на македонската репрезентација. Во 2024 година бил избран за претседател на ФФМ.

Бизнис

Масар Омерагиќ по завршување на фудбалската кариера работел во фирмата на неговото семејство, а подоцна ја презел функцијата сопственик и генерален директор на транспортната компанија „Руле Турс“. Исто така бил сопственик и генерален директор на „РТ Транс логистик“, компанија за трговија на нафта, нафтени деривати и јаглен.

Личен живот

Оженет и татко на два сина. Течно зборува англиски јазик.

Наводи

Надворешни врски

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya