Виња потпишал професионален договор со Насионал во 2015 година кога имал 17 години. Тој се приклучил на Четвртата дивизија и имал можност да вежба со стручниот тим.[1][2] Една година подоцна, Виња ги одиграл своите први минути со резервниот тим на клубот, откако одиграл 8 натпревари во Третата дивизија.[3] На 31 јануари 2020, Виња го напуштил клубот за да се приклучи на тимот од Бразилската Серија А, Палмеирас, каде што ја освоил тројната круна[4] составена од Кампеонато Паулиста, Копа Либертадорес и Копа до Бразил. Во август 2021 година потпишал
Меѓународна кариера
Дебитирајќи во 2016 година за репрезентацијата на Уругвај до 20 години во пријателскиот натпревар против Чиле, Виња играл и на јужноамериканскиот шампионат У-20 во 2017 година, каде го Уругвај го освоиле првото место, и на Светскиот куп на ФИФА до 20 години во 2017 година, завршувајќи на четвртото место. За младинската селекција одиграл 27 натпревари, погодувајќи четири пати.[5]
Виња го имал своето сениорско деби за Уругвај на 6 септември 2019 година, доаѓајќи од клупата на пријателскиот натпревар против Костарика.[6] Неговото деби како стартер дошло четири дена подоцна, во пријателскиот натпревар против САД; Виња одиграл цели 90 минути во нерешениот натпревар со резултат 1-1.[7]